1Вооз излезе пред градските порти и таму седна. И ете, минува оној роднина, за кого говореше тој. И му рече: „Дојди и седни тука!“ Тој дојде и седна.
2
3И Вооз му рече на роднината: „Ноемина, која се врати од моавските полиња, го продава делот од нивата, што му припаѓа на братот наш Елимелех;
4
5
6А оној роднина одговори: „Јас не можам да ја откупам, зашто ќе го растурам моето наследство; преземи го ти моето право на откупување, бидејќи јас не можам да ја земам.“
7Порано во Израел, кога се откупуваше и разменуваше нешто, заради потврдување на размената постоеше ваков обичај: едниот ја собуваше обувката своја и му ја даваше на другиот, и тоа служеше како сведоштво во Израел.
8И оној роднина му рече на Вооз: „Откупи го ти!“ И ја собу обувката своја, и му ја даде.
9И Вооз им кажа на старешините и на целиот народ: „Вие сте сега сведоци дека јас го купувам од Ноемина сето Елимелехово и сето Килионово и Малоново наследство;
10исто така ја земам за жена и Моавката Рута, Малоновата жена за да го востановам името на умрениот во неговото наследство за да не исчезне името на умрениот меѓу браќата негови и од неговиот роден град; вие сте ми денес сведоци за тоа.“
11
12
13
14И ѝ велеа жените на Ноемина: „Нека е благословен Господ, зашто не те остави денес без наследник! И нека биде славно името негово во Израел.
15
16
17Сосетките му дадоа име, велејќи: „На Ноемина ѝ се роди син“, и го нарекоа Овид. Тој е татко на Јесеј, таткото Давидов.
18
19Есром го роди Арам; Арам го роди Аминадав;
20Аминадав го роди Наасон; Наасон го роди Салмон;
21Салмон го роди Вооз; Вооз го роди Овид;
22Овид го роди Јесеј; Јесеј го роди Давид.