1А ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои по потопот им се родија синови.
2
3А синовите Гомерови се: Ашкеназ, Рифат и Тогарма.
4Синовите, пак, Јаванови се: Елисеј, Тарсис, Китим и Роданим.
5Од нив се разгранаа одделни народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој.
6
7
8
9тој беше добар ловец пред Господ; затоа се вели: — добар ловец пред Господ, како Нимрод.
10Во почетокот негови царства беа: Вавилон, Ерех, Акад и Калне, сите во земјата Сенаар.
11
12и Ресен меѓу Ниневија и Калах; тој е голем град.
13Од Мицраим произлегоа потомците на Луд, Енам, Лаав и Нафтух,
14како и потомците на Патру и Каслух, од кои водат потекло Филистејците и Кафторимите.
15А Ханан го роди својот првенец Сидон, и Хет,
16потоа Јевусиј, Амориј, Гергесеј,
17Евеј, Аркиј, Синиј,
18Арвадиј, Цамариј и Аматиј. А потоа племињата ханански се раселија.
19Пределите, пак, ханански беа од Сидон кон Герар сѐ до Газа, и потоа до Содом, Гомора, Адма и Цевоим, па сѐ до Лаша.
20Тоа се синовите Хамови, според семејствата нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и во народите свои.
21И на Сим му се родија синови, на постариот брат Јафетов, татко на сите синови Еверови.
22А синовите Симови беа: Елам, Ашур, Арфаксад, Луд и Арам.
23Синовите, пак, Арамови се: Уц, Ул, Гетер и Маш.
24Арфаксад го роди Сала, а Сала го роди Евер.
25На Евер му се родија двајца синови: на едниот му беше име Фалек, зашто во неговото време се раздели земјата, а името на брат му беше Јоктан.
26Јоктан го роди Алмодад, Шалеф, Хацармавет и Јерах,
27Хадорам, Узал и Дикла,
28па Овал, Авимаел и Сева,
29потоа Офир, Авила и Јовав — сите тие беа синови Јоктанови.
30Живеалиштата им беа од Меша до источната гора Сефар.
31Тоа се Симовите синови според родовите нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и според нивните народи.
32