1
2А кога луѓето се селеле од исток, најдоа рамнина во земјата Сенаар и се населија таму.
3И си рекоа меѓу себе: „Ајде да правиме тули и на оган да ги печеме!“ И користеа тули наместо камен и земјана смола наместо вар.
4Потоа рекоа: „Ајде да си соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по целата земја!“
5Тогаш Господ се спушти да го види градот и кулата, што ги ѕидаа синовите човечки.
6И рече Господ: „Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик; ова е само почеток на нивните настојувања. Наскоро ќе прават сѐ што ќе наумат!
7Ајде да слеземе и да им го збркаме нивниот јазик за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!“
8И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот.
9
10
11И откако го роди Арфаксад, поживеа Сим петстотини години, раѓајќи синови и ќерки.
12А Арфаксад поживеа триесет и пет години и го роди Сала.
13По раѓањето на Сала, Арфаксад поживеа четиристотини и три години, раѓајќи синови и ќерки.
14Сала поживеа триесет години и го роди Евер.
15А, откако го роди Евер, Сала поживеа четиристотини и три години, раѓајќи синови и ќерки.
16Евер поживеа триесет и четири години, и го роди Фалек.
17По раѓањето на Фалек, Евер поживеа четиристотини и триесет години, раѓајќи синови и ќерки.
18А Фалек поживеа триесет години и го роди Рагав.
19А, откако го роди Рагав, Фалек поживеа двесте и девет години, раѓајќи синови и ќерки.
20Рагав поживеа триесет и две години и го роди Серух;
21а откако го роди Серух, Рагав поживеа двесте и седум години, раѓајќи синови и ќерки.
22Серух поживеа триесет години и го роди Нахор.
23По раѓањето на Нахор, Серух поживеа двесте години, раѓајќи синови и ќерки.
24Нахор, пак, поживеа дваесет и девет години и го роди Тара;
25по раѓањето на Тара, Нахор поживеа сто и деветнаесет години, раѓајќи синови и ќерки.
26Тара поживеа седумдесет години и ги роди Аврам, Нахор и Аран.
27А еве го родословието на Тара: Тара ги роди Аврам, Нахор и Аран; а Аран го роди Лот.
28Аран умре кај таткото свој Тара во родната земја, во Ур Халдејски.
29
30
31
32И поживеа Тара двесте и пет години; и умре Тара во Харан.