1
2
3
4Тогаш тргна Аврам, како што му кажа Господ, а со него појде и Лот. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан.
5
6
7
8
9А оттаму се крена Аврам и се упати кон југ.
10
11И кога се доближуваше до Египет, ѝ рече на жената своја Сараја: „Еве, јас знам дека си убава жена;
12затоа, кога ќе те видат Египќаните, ќе речат — оваа му е жена — па ќе ме убијат, а тебе ќе те остават жива.
13Туку, кажи дека си ми сестра, за да ми биде добро покрај тебе и да ме остават жив поради тебе.“
14И кога дојде Аврам во Египет, Египќаните видоа дека таа е многу убава жена.
15Ја видоа и дворјаните фараонови, па ја пофалија пред фараонот. И жената беше одведена во домот фараонов.
16И поради неа Аврам живееше добро; имаше ситен и крупен добиток, магариња, слуги, слугинки, маски и камили.
17Но Бог пушти големо зло на фараонот и на неговиот дом поради Сараја, жената Аврамова.
18Тогаш фараонот го повика Аврам и му рече: „Зошто ми го направи тоа? Зошто не ми кажа дека ти е жена?
19Зошто рече ‚сестра ми е‘, па јас сакав да ја земам за жена?! Сега, пак, ете ти ја жената, земи си ја и оди си!“
20И фараонот определи луѓе, кои го испратија Аврам и жената негова, со сѐ што имаше.