1
2
3Аврам падна ничкум. А Бог продолжи да му говори и му рече:
4„А ова е заветот Мој со тебе: ќе станеш татко на многу народи.
5
6и многу, премногу ќе те умножам, и ќе издигнам од тебе многу народи, и цареви ќе произлезат од тебе.
7И ќе го поставам заветот Мој меѓу Мене и тебе и меѓу твоите потомци по тебе во нивните родови; ќе направам завет вечен, и ќе ти бидам Бог тебе и на потомците твои по тебе.
8
9И му рече Бог на Авраам: „Ти, пак, чувај го заветот Мој, ти и потомството твое по тебе во нивните родови!
10
11А ќе обрезувате крајче од телото свое; тоа ќе биде знак на заветот меѓу Мене и вас.
12
13
14А необрезаното машко, на кое не ќе му се обрезе крајче од телото негово, да се истреби од родот свој; таквиот го нарушил заветот Мој.“
15
16Јас ќе ја благословам, и ќе ти дадам син од неа; ќе ја благословам, и народи ќе потекнуваат од неа, и цареви на народи ќе излезат од неа.“
17
18И Авраам Му рече на Бога: „О, барем Исмаил да биде жив пред лицето Твое!“
19А Бог рече: „Навистина, Сара, жената твоја, ќе ти роди син и ќе го наречеш со името Исак; и ќе направам заветот Мој со него да биде завет вечен, и на потомството негово по него.
20
21
22Па, откако Бог го изговори тоа, се издигна Бог од Авраам.
23Авраам, пак, го зеде Исмаил, синот свој, и сите родени во домот негов, и сите купени, и сите машки домашни, им обреза крајче од телото нивно во истиот ден, како што му рече Бог.
24Авраам имаше деведесет и девет години кога му беше обрезано крајче од телото негово.
25А Исмаил, синот негов, имаше тринаесет години кога му беше обрезано крајче од телото негово.
26Во истиот ден беа обрезани Авраам и син му Исмаил,
27а со него заедно беа обрезани и сите домашни машки, како робовите, родени во неговиот дом, така и купените од туѓинци.