1Потоа на Авраам му се јави Господ кај светите дрвја во Мамре, кога седеше пред вратата од шаторот свој, на пладнина.
2
3И рече: „Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата Свој!
4Ќе ви донесат малку вода и ќе ги измијат нозете ваши, па одморете се малку под ова дрво!
5И ќе Ви донесам малку леб за да се поткрепите штом веќе навративте кај слугата Ваш, па тогаш продолжете го својот пат.“ Тие рекоа: „Направи, како што велиш!“
6И Авраам отрча во шаторот кај Сара, и ѝ рече: „Замеси брзо три мери од најдоброто брашно и испечи погачи!“
7Па отрча кај говедата и фати младо и згоено теле, и му го даде на момокот, и тој побрза да го зготви.
8Па потоа изнесе масло и млеко и телето, што беше зготвено, и им принесе; и Тие јадеа, а тој самиот стоеше пред нив под дрвото.
9
10
11Авраам и Сара беа стари — во поодминати години, и кај Сара беше престанало редовното кај жените.
12Затоа Сара се насмеа во себе, велејќи: „Сега ли, кога сум остарена, ќе ја имам оваа утеха? А и господарот ми е стар.“
13Тогаш Господ му рече на Авраам: „Зошто се насмеа Сара, велејќи — Вистина ли е дека ќе родам, кога сум остарена?
14
15Но Сара не призна и рече: „Не се насмеав“, бидејќи се беше уплашила. А Тој рече: „Не, ти се насмеа!“
16
17
18
19
20И Господ рече: „Голем викот е против Содом и Гомора, зашто гревовите нивни се претешки.
21
22
23Тогаш Авраам се приближи и рече: „Зарем ќе го уништиш и праведниот со неправедниот?
24
25Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не може да биде тоа од Тебе; зарем Судијата на целата земја нема да суди право?“
26И Господ рече: „Ако во градот Содом најдам педесетмина праведници, ќе го поштедам градот и целото место заради нив.“
27
28Можеби има праведници за пет помалку од педесет; зарем заради тие пет ќе го сотреш целиот град?“ Тој одговори: „Нема тоа да го направам, ако најдам четириесет и пет.“
29И го продолжи разговорот со Него и рече: „Можеби ќе се најдат таму четириесет?“ Тој, пак, одговори: „Нема да го направам ни поради тие четириесет.“
30Потоа рече: „Нека не се налути Господ, ако речам — можеби ќе се најдат триесет?“ — Тој рече: „Нема да го направам, ако најдам триесет.“
31И пак рече: „Еве, се осмелувам одново да Му проговорам на Господ — можеби ќе се најдат дваесет?“ „Нема да го уништам — рече — ни заради тие дваесет.“
32
33И Господ замина, откако престана да зборува со Авраам; а Авраам се врати во своето место.