1
2Сара зачна и му роди на Авраам син во староста негова, во времето што Господ му го беше објавил.
3И Авраам го нарече синот што му се роди, што му го роди Сара, со името Исак.
4
5Авраам имаше сто години кога му се роди синот Исак.
6Сара, пак, рече: „Господ ми нанесе смеа; кој ќе чуе за мене, ќе ми се смее.“
7И рече: „Кој би рекол дека Сара на Авраам ќе му дои деца? Зашто му родив син во староста негова.“
8
9Виде Сара дека синот на Агара Египќанката, што му го роди таа на Авраам, се потсмева,
10
11А тоа на Авраам му причини голема мака, поради синот негов.
12
13А и од синот на робинката ќе издигнам народ, зашто тој е семе твое.“
14И Авраам стана утредента рано, зеде леб и мев со вода, и ѝ даде на Агара, ставајќи ѝ го тоа на грб, и детето, па ја отпушти. И таа тргна и се заскита по пустината кај Вирсавија.
15
16а самата отиде далеку, колку што со стрела може да се дофрли, и седна спроти него; зашто велеше: „Не можам да ја гледам смртта на моето дете!“ И седејќи спроти него, почна гласно да плаче.
17
18
19И Бог ѝ ги отвори очите, и таа виде извор со вода; и отиде, па го наполни мевот со вода, и го напои детето.
20А Бог беше со детето, и тоа порасна, и заживеа во пустината, и стана стрелец со лак.
21Тоа живееше во пустината Фаран. И мајка му негова му зеде жена од земјата египетска.
22
23
24И рече Авраам: „Се заколнувам!“
25Тогаш Авраам го прекори Авимелех за изворот што го беа присвоиле слугите Авимелехови.
26А Авимелех рече: „Не знам кој го направи тоа; ниту ти ми кажа, ниту, пак, чув за тоа до денес.“
27
28Потоа Авраам одвои седум јагниња од стадото.
29А Авимелех му рече на Авраам: „Зошто се овие седум јагниња што ги одвои?“
30Авраам, пак, одговори: „Прими ги од моја рака овие седум јагниња, за да ми бидат сведоштво дека јас сум го ископал оној кладенец.“
31
32Откако склопија сојуз во Вирсавија, Авимелех и Пихол, војводата негов, се кренаа и се вратија во земјата филистејска.
33
34Авраам живееше во земјата филистејска како придојден долго време.