1
2
3И утредента рано, откако стана, Авраам го оседла магарето свое, зеде со себе двајца од слугите свои и Исак, синот свој; па, откако нацепи дрва за жртвата, се крена, и појде на местото, за кое му рече Бог.
4На третиот ден, кревајќи ги очите свои, Авраам го здогледа местото оддалеку.
5И им рече Авраам на слугите свои: „Останете вие овде со магарето, а јас и детето ќе одиме онаму, па откога ќе се помолиме, ќе се вратиме кај вас.“
6И зеде Авраам дрва за жртвата, му ги натовари на Исак, синот свој, а самиот тој зеде во свои раце оган и нож; па отидоа обајцата заедно.
7Тогаш му рече Исак на Авраам, таткото свој: „Татко!“ А тој одговори: „Што е, синко!“ А тој рече: „Ете оган и дрва, а каде е јагнето за жртва?“
8А Авраам одговори: „Бог ќе си прибави, синко, јагне за жртва.“ И обајцата го продолжија патот заедно.
9
10Тогаш Авраам ја пружи раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој,
11но ангел Господов викна од небото, и рече: „Аврааме! Аврааме!“ А тој одговори: „Еве ме!“
12
13И Авраам ги крена очите свои и погледа: а тоа — зад него овен, кој се беше сплеткал со роговите во гасталакот. И Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе како жртва сепаленица место синот свој.
14И го нарече Авраам ова место: „Јахве Јерае“
15А ангелот Господов повторно го викна од небото Авраам,
16
17
18
19Тогаш Авраам се врати кај слугите свои, и се кренаа, па се вратија заедно во Вирсавија. И живееше Авраам во Вирсавија.
20По тие настани му јавија на Авраам: Ете, и Милка му роди синови на братот твој Нахор:
21Уц, неговиот првенец, брат му Буз, и Ќемуел, таткото на Арам,
22Хазо, Пилдаш, Идлаф и Ветуил.
23
24А неговата наложница, по име Реума, ги роди овие: Тевах, Гахам, Тахаш и Мааха.