1
2
3
4
5
6И се насели Исак во Герар.
7А луѓето во тоа место прашуваа за жената негова, а тој велеше — сестра ми е — зашто се плашеше да каже — жена ми е — за да не го убијат луѓето од тоа место заради Ревека, бидејќи таа беше убава.
8
9И го викна Авимелех Исак и му рече: „Па, таа ти била жена; а зошто рече — сестра ми е?“ — А Исак му одговори: „Зашто помислив дека ќе загинам поради неа.“
10Авимелех тогаш му рече: „Што ни направи? Лесно можеше да се случи некој од надвор да легне со твојата жена, и ќе нѐ воведеше во грев.“
11И му заповеда Авимелех на сиот народ свој, велејќи: „Кој ќе се допре до овој човек или до жената негова, ќе загине!“
12
13И човекот се издигна и стануваше сѐ поголем, додека не стана многу богат.
14И се здоби со стада ситен и крупен добиток и со многу слуги, така што Филистејците почнаа да му завидуваат.
15Па сите извори што ги беа ископале татковите му слуги при животот на неговиот татко Авраам, Филистејците ги затрупаа со земја.
16
17Тогаш Исак си отиде оттаму, и ги распна шаторите свои во Герарската долина, и се насели таму.
18И одново ги откопа изворите што беа ископани во времето на Авраам, таткото негов, а кои ги беа затрупале Филистејците по смртта на Авраам; и ги нарече со истите имиња, што им ги беше дал неговиот татко.
19И, копајќи во долината, слугите Исакови најдоа извор со жива вода.
20Па се скараа пастирите герарски со пастирите на Исак, велејќи: „Водата е наша.“ И му кладе име на тој извор Есек
21Ископаа друг извор, и околу него се скараа. Затоа него го нарече Ситна
22Тогаш се крена оттаму, и ископа нов извор, а околу него немаше караница; затоа го нарече Реховот
23А оттаму тој замина во Вирсавија.
24
25
26
27А Исак им рече: „Зошто дојдовте кај мене кога ме мразите и ме истеравте откај вас?“
28
29да не ни правиш зло, бидејќи и ние тебе не те допревме и ти правевме само добро, и те пуштивме да заминеш спокојно; и ете, сега си благословен од Господ.“
30
31А утредента, откако станаа рано, се заколнаа еден на друг, и ги отпушти Исак, и тие отидоа од него со мир.
32Истиот ден дојдоа слугите на Исак и му кажаа за изворот, што го ископаа, и му рекоа: „Најдовме вода.“
33И тој го нарече Шива. Поради ова и се вика оној град Вирсавија
34
35А тие станаа тегоба за Исак и Ревека.