1
2Исак рече: „Еве остарев и не го знам денот на мојата смрт.
3Земи го сега оружјето свое, лакот и стрелите, и излези в поле, и улови ми дивеч!
4Па зготви ми јадење какво што сакам, и донеси ми да јадам, за да те благослови душата моја, пред да умрам.“
5А Ревека чу што му рече Исак на синот свој Исав; и Исав отиде в поле да улови и донесе дивеч.
6
7‚Донеси ми дивеч и зготви ми јадење, да јадам, па да те благословам пред Господ, пред да умрам.‘
8Туку сега, синко мој, послушај ме што ќе ти речам:
9Оди при стадото и донеси оттаму две добри (млади) јариња; и јас ќе зготвам за таткото твој јадење од нив, какво што сака;
10а ти ќе му однесеш на татко си, и тој ќе јаде, па ќе те благослови дури е уште жив.“
11
12Може татко ми да ме допре, па пред очите негови ќе станам измамник, и место благослов ќе навлечам врз себе проклетство.“
13А мајка му одговори: „Проклетството твое, синко, нека падне на мене; само послушај ме, и оди, па донеси ми!“
14Тогаш тој отиде, зеде и ѝ донесе на мајка си; а мајка му зготви јадење, какво што сакаше татко му.
15Па потоа ја зеде Ревека најубавата облека на постариот син Исав, што беше кај неа дома, и го облече Јаков, помладиот нејзин син,
16а рацете негови и голиот врат му го обложи со јарешки кожички.
17И му го даде на Јаков, синот свој, в раце јадењето и лебот, што го беше зготвила.
18А тој влезе при татко си и му рече: „Татко!“ А тој одговори: „Еве ме! Кој си ти, синко?“
19Јаков, пак, му рече на татко си: „Јас сум Исав, твојот првороден син; направив, како што ми рече; стани, седни и јади од ловот мој, па да ме благослови душата твоја.“
20А Исак му рече на синот свој: „Кога толку бргу најде, синко мој?“ А тој одговори: „Господ, твојот Бог, ми донесе среќа.“
21Тогаш му рече Исак на Јаков: „Дојди поблизу, синко мој, да те допрам и да видам дали си ти, синот мој Исав, или не!“
22И пристапи Јаков до Исак, таткото свој, а тој го допре, па рече: „Гласот е глас на Јаков, но рацете се раце Исавови.“
23И не го позна, зашто рацете му беа како рацете на Исав, братот негов, рунтави. И го благослови.
24И му рече: „Ти ли си синот мој Исав?“ А тој одговори: „Јас сум.“
25Тогаш рече: „Дај ми сега, синко, да јадам од ловот твој, па да те благослови душата моја.“ И му даде и тој јадеше; па му донесе и вино, и пиеше.
26Потоа Исак, таткото негов, му рече: „Приближи се до мене и целивај ме, синко!“
27И тој пристапи и го целива; Исак го почувствува мирисот од облеката негова, и го благослови, велејќи: „Еве, мирисот на синот мој е како мирис од полето, што го благословил Господ.
28
29
30Па откако Исак го благослови Јаков, и Јаков отиде од Исак, таткото свој; во тој час дојде од лов Исав, братот негов.
31И тој му зготви јадење и му однесе на татко си, и му рече: „Стани, татко, и јади од она што синот твој улови, за да ме благослови душата твоја!“
32И Исак, таткото негов, му рече: „Кој си ти?“ А тој рече: „Јас сум синот твој, првородениот Исав.“
33Тогаш Исак многу се возбуди и рече: „А кој беше оној, кој уловил лов и ми донесе од сѐ, и јас јадев, пред да дојдеш ти, и го благословив? Тој и ќе остане благословен.“
34А кога ги чу Исав зборовите на таткото негов, извика на сиот глас и многу се нажали, па му рече на татко си: „Благослови ме и мене, татко!“
35
36
37И Исак одговори и му рече на Исав: „Него веќе го поставив за господар над тебе; и сите браќа негови ги определив да му бидат слуги; со жито и вино го обдарив; а што да направам сега, синко, за тебе?“
38
39
40Од мечот свој ќе живееш и на братот твој ќе му служиш; но еднаш, кога ќе се побуниш, ќе го отфрлиш јаремот негов од вратот свој.“
41
42И ѝ ги кажаа на Ревека зборовите од Исав, постариот нејзин син, а таа испрати, па го повика Јаков, помладиот син нејзин, и му рече: „Братот твој Исав се заканува дека ќе те убие.
43
44и живеј кај него некое време, додека му помине гневот на братот твој;
45и додека не се смири лутината на братот твој и подзаборави што си му направил. А тогаш, јас ќе пратам, да те доведат оттаму. Зошто да останам без вас двајцата во еден ден?“
46А на Исак Ревека му рече: „Ми омрзна животот поради ќерките хитиски. А ако земе Јаков жена од ќерките хитиски, какви што се овие, од ќерките на оваа земја, тогаш зошто ми е животот?“