1Тогаш се крена Јаков и отиде во земјата на синовите на исток.
2
3И кога се собираа таму сите стада, го иставаа каменот од отворот на изворот и ги напојуваа овците, а потоа пак го ставаа каменот над отворот од изворот на неговото место.
4
5А тој им рече: „Го познавате ли Лаван, синот Нахоров?“ Тие рекоа: „Го познаваме.“
6Тој пак ги праша: „Здрав ли е?“ Рекоа: „Здрав е, и еве Рахила, ќерката негова, иде со стадото.“
7И тој рече: „Ете, уште е рано и не е време добитокот да се прибира. Напојте ги овците, па одете и пасете ги!“
8А тие рекоа: „Не можеме, додека не се соберат сите стада, за да се истави каменот од отворот над изворот, па тогаш ќе ги напоиме овците.“
9Додека тој уште зборуваше со нив, дојде Рахила со ситниот добиток од таткото нејзин, бидејќи таа нив ги пасеше.
10А кога ја виде Јаков Рахила, ќерката Лаванова и стадото на Лаван, братот на мајка си, пристапи Јаков и го истави каменот од отворот на изворот, и го напои стадото на Лаван, братот на својата мајка.
11И ја бакна Јаков Рахила, па извика и заплака.
12Потоа ѝ кажа на Рахила дека тој му е род на таткото нејзин и дека е син на Ревека. А таа отрча, па го извести таткото свој.
13А кога чу Лаван за Јаков, синот на неговата сестра, му излезе во пресрет, го прегрна и бакна, и го воведе во својот дом. А тој му раскажа на Лаван сѐ.
14Лаван, пак, му рече: „Ти си навистина моја коска и моја плот!“ И тој остана кај него цел месец.
15Тогаш му рече Лаван на Јаков: „Зарем бесплатно ќе ми служиш зашто си ми род? Кажи ми, која да ти биде платата?“
16А Лаван имаше две ќерки: на постарата ѝ беше името Лија, а на помладата Рахила.
17На Лија очите и беа болникави, а Рахила имаше убава става и убаво лице.
18
19Тогаш Лаван рече: „Подобро тебе да ти ја дадам, отколку на друг; остани кај мене!“
20
21И му рече Јаков на Лаван: „Дај ми ја жената, зашто дојде времето да влезам кај неа!“
22
23А вечерта ја зеде Лија, ќерката своја, и ја воведе кај Јаков, и тој влезе кај неа.
24И Лаван ѝ ја даде Зелфа, слугинката своја, на Лија, ќерката своја, за да ѝ биде слугинка.
25А кога настана утрото, се виде дека тоа била Лија, па му рече Јаков на Лаван: „Што ми направи? Нели за Рахила ти слугував? Зошто ме измами?“
26
27Помини оваа седмица со неа, па ќе ти ја дадам и другата, за која ќе ми слугуваш други седум години.“
28И Јаков направи така, и помина со неа една седмица. Потоа му ја даде Лаван за жена Рахила, ќерката своја.
29И ѝ ја даде Лаван слугинката своја Билха на Рахила, ќерката своја, за да ѝ биде слугинка.
30
31
32Лија зачна и роди син и го нарече Рувим, велејќи: „Господ милостивно погледна на мојата несреќа; сега ќе ме засака мажот мој.“
33И пак зачна, и роди син, па рече: „Господ чу дека не сум сакана, па ми го даде и овој.“ И го нарече Симеон.
34И одново зачна, пак роди син и рече: „Сега веќе ќе ми се наклони мажот мој, оти му родив три сина!“ Затоа му стави име Левиј.
35А кога пак зачна, и роди син, рече: „Сега ќе Го славам Господа!“ Затоа го нарече Јуда. И престана да раѓа.