1ⓐНо змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па ѝ рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?“
2А жената ѝ рече на змијата: „Ние јадеме род од секое дрво во рајот;
3— само од родот на она дрво среде рајот, — рече Бог, — не јадете од него и не допирајте се до него, за да не умрете!“
4Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, нема да умрете!
5ⓑНо Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.“
6ⓒКога жената, виде дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав на изглед, и дека дрвото е пожелно поради тоа што дава знаење, набра род од него и го изеде, па му даде и на мажот свој, та и тој јадеше.
7ⓓТогаш им се отворија очите на обајцата, и разбраа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала.
8Тогаш го чуја гласот на Господ Бог, кога Тој одеше низ рајот во времето на дневниот ветрец; и се сокрија Адам и неговата жена меѓу рајските дрвја.
9ⓔНо Господ Бог го повика Адам и му рече: „Каде си?“
10ⓕА тој одговори: „Го чув одењето Твое низ рајот, па се уплашив, бидејќи сум гол, и се сокрив.“
11И Тој рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?“
12Адам, пак, рече: „Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде плод од дрвото, и јас јадев.“
13Тогаш Господ Бог ѝ рече на жената: „Зошто го направи тоа?“ Жената одговори: „Змијата ме измами, и јас јадев.“
14На змијата, пак, ѝ рече Господ Бог: „Затоа што си го направила тоа, проклета да си меѓу сите животни и сите полски ѕверови; помешечки ќе се влечеш и прав ќе јадеш сѐ до крајот на својот живот!
15И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Тој ќе ти ја смачкува главата, а ти ќе го каснуваш во петата.“
16А на жената ѝ рече: „Кога ќе бидеш бремена, ќе ти ги умножам и преумножам маките; со болки ќе раѓаш деца, и ќе се приклониш кон мажот свој, и тој ќе ти биде господар!“
17ⓖПа потоа му рече на Адам: „Бидејќи ја послуша жената твоја и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: — не јади од него — затоа земјата нека биде проклета за тебе; со мака ќе се храниш од неа сѐ до крајот на својот живот;
18ⓗтрње и бодлики ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска.
19Со пот на лицето свое ќе јадеш леб, сѐ дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!“
20Адам ја нарече својата жена Ева, бидејќи таа стана мајка на сите живи.
21ⓘА Господ Бог им направи на Адам и на неговата жена облеки од кожа, и ги облече во нив.
22ⓙИ Господ Бог рече: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло; но сега, да не ја испружи раката своја и да земе пак од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!“
23ⓚТогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина, за да ја обработува земјата, од која беше земен.
24ⓛОткако, пак, го изгони Адам, постави на исток пред градината Едем херувим и огнен меч, кој се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот.