1
2И ги постави слугинките со нивните деца напред, а Лија и нејзините деца зад нив; додека Рахила со Јосиф беа последни.
3А самиот тој излезе прв пред нив и седумпати се поклони доземи, додека не дојде до братот свој.
4
5Исав, пак, кревајќи ги очите, ги виде жените и децата, па рече: „Кои ти се овие?“ А Јаков одговори: „Деца, со кои Бог го дарува слугата твој.“
6Тогаш пристапија слугинките со децата свои, и се поклонија.
7Потоа пристапија Лија и децата нејзини, и се поклонија; а најпосле пристапија Јосиф и Рахила, и се поклонија.
8
9Исав, пак, рече: „Има, брате, кај мене доста; нека ти остане тебе она што е твое.“
10Но Јаков рече: „Ако најдов милост пред очите твои, прими го дарот од мојата рака, зашто кога го видов лицето твое дека убаво ме пречекува, како да го бев видел Божјото лице.
11Прими го дарот мој, што го донесов; бидејќи изобилно ме обдари Бог, и имам сѐ.“ И настојуваше на него и тој го прими.
12Потоа Исав рече: „Ајде да одиме, ќе појдам и јас со тебе.“
13Но Јаков му рече: „Знае господарот мој дека овие деца се мали, а имам овци и крави доилки, па, ако ги подгонам само еден ден побрзо, ќе ми изгине сиот добиток.
14Туку нека тргне господарот мој пред слугата негов, а јас ќе одам полека, колку што можат децата и добитокот пред мене, и ќе дојдам кај господарот мој во Сеир.“
15Исав рече: „Ќе ти оставам неколку луѓе, што се со мене.“ Јаков одговори: „Зошто? Доволно е само да најдам милост пред господарот мој.“
16
17
18
19И купи парче земја, каде што го распна шаторот свој, од синовите на Емор, таткото Сихемов, за сто парчиња сребро.
20И таму подигна жртвеник, и Го призва Бог Израелов.