1Дина, ќерката на Лија, која му ја роди на Јаков, излезе за да ги види девојките во тој крај.
2
3И му се приврза душата негова кон Дина, ќерката на Јаков, и тој ја засака девојката, и гледаше да ја придобие.
4
5
6Тогаш Емор, таткото на Сихем, отиде кај Јаков да поразговара со него.
7
8А Емор им рече, велејќи: „Синот мој Сихем од срце ја засака вашата ќерка. Дајте му ја за жена!
9И посватете се со нас; ќерките ваши мажете ги за нас и со ќерките наши женете се.
10Па живејте со нас, и земјата е пред вас; населувајте ја, движете се слободно и создавајте свои имоти.“
11А Сихем му рече на таткото на девојката и на браќата нејзини: „Само да најдам милост пред очите ваши, и ќе ви дадам сѐ што ќе ми кажете.
12Побарајте најголем откуп и дарови: јас ќе ви дадам сѐ, што и да ми кажете; само дајте ми ја момата за жена.“
13
14И им рекоа: „Не можеме тоа да го направиме, да ја дадеме сестрата наша за човек необрезан, зашто тоа е срамно за нас.
15
16Тогаш ќе ги мажиме нашите ќерки за вас и ќе се жениме со вашите ќерки, ќе се населиме кај вас и ќе станеме еден народ.
17А ако не нѐ послушате да се обрезете, ние ќе ја земеме нашата ќерка и ќе си отидеме.“
18И им се допаднаа зборовите нивни на Емор и на Сихем, неговиот син.
19И момчето, не двоумејќи се, го направи тоа веднаш, бидејќи многу ја засака ќерката на Јаков. А тој беше најпочитуван меѓу своите во домот на неговиот татко.
20И дојдоа Емор и син му Сихем пред портите од нивниот град, и им рекоа на жителите од својот град, велејќи:
21„Овие луѓе се мирни, нека се населуваат во оваа земја и слободно да се движат по неа; а еве — земја има и за нив. Па нека ги земаме нивните ќерки за жени, а и нашите да им ги даваме ним.
22Притоа се согласуваат со нас така да живеат и да станеме еден народ, само ако сите машки меѓу нас се обрезат, како што се тие обрезани.
23
24И сите што излегуваа од портите на градот нивни ги послушаа Емор и Сихем, синот негов; и се обрезаа сите машки — сите кои поминуваа низ портите на градот.
25
26Го погубија и Емор, и синот негов Сихем, со остар меч, и, откако ја зедоа Дина од домот на Сихем, си отидоа.
27
28И го зедоа нивниот ситен и крупен добиток, и нивните магариња, сѐ што беше во градот и сѐ што имаше во полето.
29И сето богатство нивно, и децата и жените нивни ги пленија, и ограбија сѐ, што имаше во куќите.
30
31А тие рекоа: „Зар со сестрата наша да постапуваат како со блудница?“