1Јаков живееше во земјата, во која беше доселен неговиот татко Исак, во земјата хананска.
2
3
4
5
6И им рече: „Чујте го сонот што го сонив:
7врзуваме снопје во полето, и одеднаш мојот сноп се исправи, и застана прав, а вашите снопови се распоредија наоколу и му се поклонија на мојот сноп.“
8
9Потоа тој сони и втор сон, и им го раскажа и на браќата свои, велејќи: „Сонив уште еден сон, а тоа — сонцето и месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа.“
10И му го раскажа на својот татко како и на браќата свои, но татко му го прекори и рече: „Каков е тој сон што си го сонил? Зар јас и мајка ти, и браќата твои, ќе дојдеме тебе да ти се поклониме доземи?“
11
12
13Тогаш Израел му рече на Јосиф: „Браќата твои го пасат добитокот кај Сихем. Ајде да те испратам кај нив.“ А тој рече: „Добро, одам!“
14И уште му рече: „Оди и види како се браќата твои и како е добитокот, па јави ми.“ И го испрати по долината хевронска; и тој отиде во Сихем.
15И еден човек го најде како скита по полето, па го запраша, велејќи му: „Што бараш?“
16А тој одговори: „Ги барам браќата мои; кажи ми, те молам, каде го пасат добитокот?“
17А човекот рече: „Тие си заминаа одовде, зашто чув како велат — ајде да одиме во Дотан.“ И отиде Јосиф по браќата свои, и ги најде во Дотан.
18
19И си рекоа помеѓу себе: „Ене го доаѓа, оној што сонува!
20
21
22И уште им рече Рувим: „Крв да не пролевате; фрлете го во една од јамите во пустината, но не кревајте рака на него.“ А тој сакаше да го спаси од рацете нивни и да го врати кај татко му.
23И кога Јосиф дојде кај своите браќа, тие му ја соблекоа шарената облека, што ја имаше на себе.
24И го фатија, па го фрлија во една јама; а јамата беше празна; немаше вода во неа.
25
26
27Ајде да им го продадеме на овие Јишмаелци, па да не клаваме рака на него, зашто брат ни е, наша крв е.“ И го послушаа браќата негови.
28
29А кога се врати Рувим кај јамата, Јосиф го немаше во неа. Тогаш тој ја раскина
30И отиде кај браќата свои и рече: „Го нема момчето: а сега, каде да се денам јас?“
31Тогаш ја зедоа Јосифовата облека, и заклаа јаре, па ја натопија облеката со крв.
32И ја испратија шарената облека да се однесе на нивниот татко и да се рече: „Го најдовме ова, па види дали е тоа облеката на синот твој, или не?“
33А тој ја позна и рече: „Облеката е на мојот син, крвожеден ѕвер го изел; Јосиф е, навистина, растргнат!“
34И ја раскина Јаков облеката своја, па се препаша со вреќиште околу себе; и го оплакуваше синот свој многу денови.
35
36А Мидјаните го продадоа Јосиф во Египет на Потифар, дворјанин на фараонот, заповедник на стражата.