1Потоа се случи, винарот на царот египетски и пекарот да му згрешат на господарот свој, царот египетски.
2
3па ги стави под стража во куќата на заповедникот на стражата, во затворот, во местото каде што беше затворен Јосиф.
4
5И обајцата сонија сон во иста ноќ, секој со особено значење, и винарот и пекарот на царот египетски, кои беа затворени во темницата.
6А утредента, кога дојде Јосиф кај нив, ги виде.
7Па ги запраша дворјаните фараонови, кои беа под стража заедно со него во куќата на господарот негов, и рече: „Што ви се денес лицата толку нажалени?“
8
9И главниот винар му го раскажа сонот свој на Јосиф, велејќи: „Јас сонував една лоза пред мене;
10на лозата имаше три прачки; и таа запупи и расцути, врза грозје, кое узреа;
11а во раката ми беше чашата фараонова; зедов еден грозд, го истискав во фараоновата чаша и му ја дадов чашата на фараонот в рака.“
12Јосиф му рече: „Еве го значењето: трите прачки се три дена.
13По три дена фараонот ќе те помилува и пак ќе те постави на поранешната служба; и одново ќе му ја подаваш чашата во раката негова како и порано, кога му беше винар.
14Но, кога ќе ти биде добро, сети се на мене и направи ми добро; спомни му на фараонот за мене и изведи ме од оваа тврдина;
15
16А кога виде главниот пекар колку добро му го протолкува сонот, му рече на Јосиф: „И јас сонив: и тоа — на главата моја три кошници со пецива;
17во најгорната кошница имаше сѐ што јаде фараонот, што го прават пекарите; и птици колваа од кошницата над мојата глава.“
18А Јосиф одговори и рече: „Еве го значењето: три кошници — тоа се три дена.
19По три дена фараонот ќе ти ја земе главата и ќе те обеси на дрво, а птиците ќе колваат од телото твое.“
20
21И го врати главниот винар на поранешната служба, за да му ја подава чашата на фараонот,
22додека главниот пекар го обеси, како што беше рекол Јосиф.
23