1
2А кога го изедоа житото, што го беа донеле од Египет, таткото нивни им рече: „Одете пак и купете ни малку храна.“
3
4Ако го пуштиш со нас братот наш, ќе одиме и ќе ти купиме храна.
5
6Но Израел рече: „Зошто ми направивте такво зло и му рековте на човекот дека имате уште еден брат?“
7А тие одговорија: „Човекот се распрашуваше за нас и за родот наш, велејќи: ‚Дали е уште жив таткото ваш? Имате ли друг брат?‘ И ние му одговоривме како што нѐ прашуваше. Можевме ли да знаеме дека ќе рече: ‚Доведете го братот ваш!?‘“
8А Јуда му рече на Израел, таткото свој: „Пушти го малиот со мене, па ќе се кренеме и ќе отидеме за да останеме живи, и да не изумреме ни ние, ниту ти, ни нашите деца.
9
10Да не се бавевме толку, досега можеби двапати ќе се вратевме!“
11
12А пари, со себе земете двојно повеќе, бидејќи ќе треба да ги вратите парите, што ги најдовте под грлата на вашите вреќи; можеби е грешка.
13Земете го и братот ваш, па станете и одете пак кај оној човек.
14
15Тогаш тие ги зедоа подароците и двојно повеќе сребреници, го зедоа и Венијамин, па станаа и отидоа во Египет и излегоа пред Јосиф.
16А Јосиф кога го виде со нив и Венијамин, му рече на човекот што управуваше со неговата куќа: „Одведи ги овие луѓе дома, па заколи нешто од добитокот и зготви го, зашто тие на пладне со мене ќе ручаат.“
17И направи човекот така како што му рече Јосиф, и ги одведе луѓето во домот Јосифов.
18А тие луѓе се уплашија, кога човекот ги водеше во домот Јосифов, и рекоа: „Заради среброто, што се најде порано во вреќите наши, нѐ водат, додека не смислат нешто, па да нѐ обвинат, за да нѐ заробат нас и нашите магариња!“
19И му пристапија на човекот, што управуваше со домот Јосифов, и му проговорија пред вратата на куќата
20и рекоа: „Чуј нѐ, господаре! Ние и порано бевме овде, за да купиме храна.
21
22а и друго сребро донесовме, да купиме храна; ние не знаеме кој ни го стави среброто наше во вреќите.“
23А тој одговори: „Бидете спокојни, не плашете се, вашиот Бог и Бог на таткото ваш го ставил тоа благо во вреќите ваши; среброто ваше стигна кај мене.“ И им го изведе Симеон.
24
25
26А кога дојде Јосиф дома, му ги дадоа подароците, што ги имаа в рацете свои, и му се поклонија доземи.
27Потоа тој ги праша за здравјето и рече: „Добар ли е вашиот стар татко, за кого ми зборувавте? Жив ли е уште?“
28А тие одговорија: „Жив е слугата твој, нашиот татко, и здрав е.“ Па се наведнаа и му се поклонија.
29
30
31Потоа се изми и излезе, и воздржувајќи се рече: „Принесете јадење!“
32
33И седнаа тие пред него, постарите според возраста нивна, а помладите според младоста нивна, па се погледаа, чудејќи се.
34И нареди дел од јадењата што беа пред него, да ги носат пред нив, а делот на Венијамин беше петпати поголем од делот на секого од нив. И пиеја и се нагостија со него.