1
2Па заплака силно, така што чуја Египќаните, а се чу и во домот на фараонот.
3
4
5
6Зашто има веќе две години, откако настапи глад на земјата, а уште пет години остануваат, во кои ќе нема ни орање, ниту жетва.
7Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување.
8
9Вратете се брзо кај таткото мој и кажете му: ‚Вака вели синот твој Јосиф — Бог ме постави за господар над целиот Египет; дојди кај мене, не одлагај.
10
11А јас ќе се грижам ваму за прехраната твоја, зашто глад ќе има уште пет години, та да не загинеш ти, и синовите твои, и сѐ, што е твое.‘
12И ете, гледате со очите ваши, и братот мој Венијамин со свои очи гледа дека мојата уста ова ви го зборува.
13Раскажете му на таткото мој за сета моја слава во Египет и за сѐ што видовте, па поскоро доведете го ваму таткото мој.“
14Потоа го прегрна братот свој Венијамин и плачеше во прегратката негова. А и Венијамин плачеше за братот свој.
15И ги бакнуваше сите браќа свои и, прегрнувајќи ги, плачеше. Потоа неговите браќа разговараа со него.
16
17И му рече фараонот на Јосиф: „Кажи им на браќата твои — еве што ќе направите: ‚Натоварете го добитокот ваш, и вратете се во хананската земја.
18
19А тебе, пак, ти заповедам да им кажеш — Вака направете: ‚Земете со себе од египетската земја коли за децата ваши и за жените ваши, и поведете го таткото ваш, и дојдете ваму.
20И немојте да жалите за покуќнината ваша, зашто сѐ што е најубаво во египетската земја, ќе биде ваше.‘“
21И синовите Израелови така постапија. А Јосиф им даде коли, по наредба на фараонот; им даде и храна за по пат.
22
23
24Тогаш ги испрати браќата свои, и тие тргнаа; а им порача: „Немојте да се карате по патот!“
25И така тие излегоа од Египет, и стигнаа во земјата хананска кај Јаков, нивниот татко.
26
27Но, кога му раскажаа за сѐ, што им беше рекол Јосиф, и кога ги виде колите, што му ги беше испратил Јосиф, за да го земат, тогаш живна духот на Јаков, нивниот татко.
28