Создавање 46:1-34 MKDB2006 - Bible AI

1И тргна Израел со сѐ што имаше, па, откако дојде во Вир­са­вија, Му принесе жртва на Бога од тат­кото свој Исак.

2И му рече Бог на Израел ноќе во видение: „Јакове! Јакове!“ А тој одго­вори: „Еве ме!“

3Тогаш Тој му рече: „Јас сум Бог, Бог на твојот татко. Не плаши се да слезеш во Египет, бидејќи таму ќе направам од тебе голем народ.

4Јас ќе дојдам со тебе во Египет, и Јас пак ќе те вратам ваму; и Јосиф ќе ги заклопи очите твои.“

5И тргна Јаков од Вирсавија; и синовите на Израел го сместија Јаков, таткото свој, и децата свои, и жените свои во колите, што им ги беше пратил фараонот, за да го доведат.

6И го зедоа добитокот свој и имотот свој, што го беа спечалиле во хананската земја, и дојдоа во Египет — Јаков и сиот негов род заедно со него.

7Синовите негови и внуците негови, и ќерките негови и внуките негови, и целото негово потомство.

8А ова се имињата на децата Израе­лови, кои дојдоа во Египет: Јаков и си­новите негови. Првенецот на Јаков, Ру­вим.

9Синовите Рувимови: Ханох и Палу, Есром и Карми.

10Синовите Симеонови: Јемуел, Ја­мин, Оад, Јахин, Сигор и Саул, син на Хананката.

11Синовите Левиеви: Гирсон, Каат и Мерариј.

12Синовите Јудини: Ер, Онан, Шела, Фарес и Зерах; но Ер и Онан умреа во хананската земја. Синови на Фарес беа Есром и Хамул.

13Синови Исахарови: Тола, Пуа, Јов и Шимрон.

14Синови Завулонови: Серед, Елон и Јахлеел.

15Тоа се синовите на Лија, што му ги роди на Јаков во рамнината Арам, заедно со Дина, ќерката негова. Сите синови и ќерки негови беа триесет и три души.

16Синови Гадови: Цифон, Хагиј, Шуниј, Ецбон, Ериј, Ародиј и Арелиј.

17Синови Асирови: Јимна, Јишва, Јишвиј и Берија — и сестрата нивна Зара. А синови на Берија беа: Хевер и Мелхиил.

18Тоа се синовите на Зелфа, која ѝ ја даде Лаван на Лија, ќерката своја; таа му роди на Јаков шеснаесет души.

19Синови, пак, на Рахила, жената на Јаков, беа: Јосиф и Венијамин.

20А на Јосиф во Египет му се родија од Асената, ќерката на Потифера, свештеникот од Он: Манасија и Ефрем.

21А синови Венијаминови беа: Бела, Бехер и Ашбел; Гера, Наман, Ехиј, Рош, Мупим, Хупим и Ард.

22Тоа се синовите на Јаков, што му ги роди Рахила, — вкупно четиринаесет души.

23А син Данов: Хушим.

24Синови на Нефталим: Јахцеел, Гул, Јецер и Шилем.

25Тоа беа синови на Билха, која ѝ ја даде Лаван на ќерката своја Рахила; таа му роди на Јаков вкупно седум души.

26Сите, кои дојдоа со Јаков во Египет и кои беа излегле од бедрата негови, освен жените на синовите Јаковови, беа вкупно шеесет и шест души.

27И двајцата синови Јосифови, што му се родија во Египет; значи, сите луѓе од домот на Јаков, кои дојдоа во Египет, беа седумдесет.

28Тој го прати Јуда кај Јосиф пред себе, за да им го покаже патот за Гесем. И дојдоа во земјата Гесем.

29Тогаш Јосиф ја впрегна колата своја, и му излезе во пресрет на Израел, таткото свој, во Гесем; и кога го виде, му се обеси околу вратот, и плачеше долго на вратот негов.

30Потоа Израел му рече на Јосиф: „Се­га, бидејќи со свои очи видов дека си жив, можам да умрам.“

31А Јосиф им рече на браќата свои и на целата фамилија Јаковова — „Одам да му соопштам на фараонот и ќе му речам: ‚Браќата мои и семејството на таткото мој, кои беа во хананската земја, дојдоа кај мене.

32Тие се луѓе овчари; отсекогаш се занимавале со сточарство; и го доведоа со себе ситниот и крупниот добиток свој и сѐ што имаа.‘

33Ако, пак, фараонот ве повика и ве праша: ‚Каква работа работите?‘

34вие кажете: ‚Сточари се слугите твои уште од младини па досега, и ние и татковците наши‘ — за да останете во земјата Гесем. Зашто Египќаните сите овчари ги сметаат за нечисти.“

>