1И отиде Јосиф, па му јави на фараонот, велејќи: „Таткото мој и браќата мои, со својот ситен и крупен добиток, и со сѐ што имаат, дојдоа од хананската земја; и, ете, тие се сега во земјата Гесем.“
2И земајќи од браќата свои пет души — ги претстави пред фараонот.
3А фараонот им рече на браќата негови: „Каква работа работите?“ Тие му одговорија на фараонот: „Овчари се слугите твои, и ние и нашите татковци.“
4
5А фараонот му рече на Јосиф: „Таткото твој и браќата твои дојдоа кај тебе;
6земјата египетска е под твоја власт; насели ги на најдобро место: таткото твој и браќата твои; нека живеат во земјата Гесем; и, ако знаеш дека меѓу нив има способни луѓе, постави ги за надгледници над мојот добиток.“
7
8А фараонот го праша Јаков: „Колку години имаш?“
9
10Потоа Јаков го благослови фараонот и си отиде од него.
11
12И му даваше Јосиф жито на таткото свој и на браќата свои, и на целиот татков дом, според бројот на членовите.
13Но жито немаше по целата земја, зашто гладот стана многу голем: се истоштија египетската и хананската земја од глад.
14
15И снема сребро во земјата египетска и во земјата хананска. Тогаш сите Египќани почнаа да доаѓаат кај Јосиф и викаа: „Дај ни леб! Зошто да умираме пред тебе? Среброто веќе заврши.“
16А Јосиф им велеше: „Дајте го добитокот свој, па ќе ви дадам храна за добитокот, штом среброто сте го потрошиле.“
17
18А кога помина таа година, почнаа пак да доаѓаат кај него и втората година, велејќи: „Нема да криеме од господарот наш дека среброто наше сврши, а и стадата добиток се кај господарот наш, па не ни остана веќе ништо да му донесеме на господарот наш, освен телата наши и нивите наши.
19
20И така Јосиф ја купи за фараонот сета земја во Египет, бидејќи сите Египќани ја продадоа својата земја на фараонот, зашто гладот ги притисна. И земјата стана фараонова.
21А народот го пороби од едниот крај на Египет до другиот.
22Само не ги купи имотите на свештениците, бидејќи фараонот имотите им ги подарил, и тие се хранеа од давачки, што им ги определил фараонот. Затоа тие не ја продадоа својата земја.
23Јосиф, пак, му рече на народот: „Ете, ве купив денес вас и нивите ваши за фараонот. Па, еве ви семе, и посејте ги нивите.
24
25А тие рекоа: „Ти ни го запази животот; нека најдеме милост пред господарот наш и да му бидеме робови на фараонот.“
26
27
28И поживеа Јаков во египетската земја седумнаесет години; Јаков живееше вкупно сто четириесет и седум години.
29А кога се наближи времето Израел да умре, го повика својот син Јосиф и му рече: „Ако сум нашол милост пред тебе, стави ја раката твоја под бедрото мое, и направи ми милост и вети ми дека нема да ме погребеш во Египет.
30
31