Софонија 2:1-15 MKDB2006 - Bible AI

1Соберете се, соберете се, народи бесрамни,

2додека не бидете одвеани како пле­ва, додека уште не е дојден врз вас пламнатиот гнев Господов, додека не настапил денот на јароста Господова.

3Побарајте Го Господа, сите скромни на земјата, вие што ги извршувате законите Негови; побарајте ја правдата, побарајте ја понизноста; можеби ќе бидете заштитени во денот на гневот Господов.

4Зашто Газа ќе биде напуштена и Ашкелон ќе запусти, Ашдод ќе биде изгонет среде ден, а Екрон ќе се искорени.

5Тешко им на жителите од приморскиот крај, на народот од Крит! Словото Господово е против вас, Ха­нанци, земјо филистејска! Јас ќе те истребам, и во тебе нема да има жи­тели,

6па ќе стане приморскиот крај ливада, овчарско пасиште и ограда за добиток.

7И тој крај ќе му припадне на остатокот од домот Јудин, и ќе пасат таму и во куќите на Ашкелон вечерта ќе ја поминуваат, зашто Господ, нивниот Бог, ќе ги посети и ќе им ја измени судбината.

8Го чув хулењето од Моав и навре­дите од синовите Амонови, како се подигруваат со Мојот народ и како се шират во пределите негови.

9Но жив сум Јас, вели Господ Саваот, Бог Израелов: Моав ќе биде како Содом, и синовите на Амон ќе бидат ка­ко Гомора, земја на коприви, соларник, пустина за навек; остатокот од Мојот народ ќе ги плени, и оние што ќе оста­нат од Мојот народ, ќе ги наследи.

10Тоа ќе им биде цената за гордоста нивна, зашто се подигруваа и се ширеа над народот на Господ Саваот.

11Страшен ќе биде за нив Господ: Тој ќе ги истреби сите земни богови, и Нему ќе Му се поклонат — сите од своите места, сите острови на народите.

12И вие, Етиопјани, ќе бидете пора­зени од Мојот меч.

13Потоа Господ ќе ја протегне раката Своја на север, ќе го уништи Ашур, а Ниневија ќе ја претвори во урнатина, во место суво како пустина,

14и стада ќе лежат по неа и секаков вид животни: буф и еж ќе ноќеваат врз столбовите, утки и гаврани ќе гракаат по праговите, зашто нивните кедарски градби ќе запустат.

15Тој ли е прочуениот град, кој жи­вееше безгрижно и во срцето свое си велеше: „Јас сум и нема друг освен мене!?“ И еве, ќе стане урнатина, легло за ѕверови! И секој што ќе помине покрај него, ќе потсвирне и ќе мавне со раката.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>