Судии 10:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1По Авимелех се крена да го спаси Израел Тола, синот на Пуа, син на Додо, маж од Исахаровото племе. Тој живееше во Шамир, на Еф­ре­мовата Планина.

2Тој беше судија над Израел дваесет и три години, и умре, и беше погребан во Шамир.

3По него дојде Јаир од Галаад, кој беше судија над Израел дваесет и две години.

4Тој имаше триесет сина, кои јаваа на триесет магариња, и имаа триесет гра­да, кои и до денес се нарекуваат Јаирови селишта, а се во Галаадската земја.

5Јаир умре и беше погребан во Камон.

6А Израеловите синови пак почнаа да прават зло пред Господ и им служеа на разни Ваали и Астарти, на боговите арамејски, на боговите сидонски, на боговите моавски, на боговите од си­новите Амонови и на боговите филистејски, а Господа Го оставија и не Му служеа.

7И се разгори гневот на Господ против Израел, и Тој ги предаде во рацете на Амоновите синови.

8Оттогаш тие ги угнетуваа и ги мачеа Израеловите синови осумнаесет години по ред, сите Израелови синови од онаа страна на Јордан во аморејската земја, која е во Галаад.

9Најпосле Амонците го преминаа Јордан за да војуваат против Јуда и Венијамин и против домот Ефремов. И синовите Израелови беа на големи маки.

10Па повикаа синовите Израелови кон Господ и рекоа: „Згрешивме пред Тебе, зашто го оставивме нашиот Бог и им служиме на Вааловци.“

11И Господ им рече на Израеловите синови: „Не ве угнетуваа ли Егип­ќа­ните и Аморејците, Амонците и Фи­листејците,

12Сидонците, Амаликијците и Маон­ци­те и кога повикавте кон Мене, не ве спасив ли од рацете нивни?

13А вие Ме оставивте и почнавте да им служите на други богови; затоа нема повеќе да ве спасувам;

14одете, повикајте ги боговите што сте ги избрале, нека ве спасат тие во ова за вас тешко време.“

15Тогаш синовите Израелови Му рекоа на Господ: „Згрешивме; прави со нас сѐ што Ти е мило, само спаси нѐ сега.“

16И ги отфрлија од себе туѓите бо­гови и почнаа да Му служат на Господ. И не ги истрпе душата Негова стра­дањата Израелови.

17Амонците, пак, се собраа и се смес­тија, поставија логор во Галаад; исто така се собраа и Израеловите синови и поставија логор во Мицпа.

18Народот и началниците галаадски си рекоа еден на друг: „Кој ќе почне војна против Амонците, тој нека биде началник на сите галаадски жители.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>