Судии 12:1-15 MKDB2006 - Bible AI

1Луѓето од Ефремовото племе се собраа, дојдоа во Цафон и му рекоа на Ефтај: „Зошто отиде да војуваш против Амонците, а нас не нѐ повика со себе? Ние ќе го изгориме со оган домот твој со тебе.“

2Ефтај им рече: „Јас и народот мој имавме со Амонците силни караници; јас ве повикав, но вие не ме спасивте од рацете нивни.

3Откако увидов дека вие нема да ме спасите, го изложив животот на опасност и тргнав против Амонците, и Гос­под ги предаде во моите раце; зошто дојдовте сега да војувате против мене?“

4Тогаш Ефтај ги собра сите галаад­ски жители и удри на Ефремците, и жителите галаадски ги испотепаа Еф­ремците, велејќи: „Вие сте бегалци Ефремови, а Галаад е помеѓу Ефрем и Манасија.“

5И галаадчаните ги зазедоа јорданските премини од Ефремците, и кога некој од унесреќените Ефремци ќе речеше: „Дозволете ми да преминам“, жителите галаадски му велеа: „Нели си ти од Ефремовото племе?“ Тој ќе одговореше: „Не.“

6Тие ќе му речеа: „Кажи шиболет“, а тој ќе рече: „Сиболет“, и не можеше никако правилно да го изговори. Тогаш тие го земаа и го заколуваа кај премините на Јордан. И во тоа време паднаа четириесет и две илјади луѓе од Ефре­мовото племе.

7Ефтај беше судија над Израел шест години, и умре Ефтај, и беше погребан во еден од галаадските градови.

8По него судија над Израел беше Есевон од Витлеем.

9Тој имаше триесет синови, а триесет ќерки од домот свој омажи, додека триесет ќерки зеде однадвор за сино­вите свои, и беше судија над Израел седум години.

10Есевон умре и беше погребан во Витлеем.

11По него судија над Израел стана Елон од племето Завулоново; тој упра­вуваше со Израел десет години.

12Умре и Завулонецот Елон и го погребаа во Ајалон, во земјата Заву­лонова.

13По него беше судија над Израел Ав­дон, син на Хилел од Пиратон.

14Тој имаше четириесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет магариња; тој му судеше на Израел осум години.

15И умре Авдон, синот на Хилел од Пиратон, и беше погребан во родниот град, во земјата Ефремова, во гората Амаликова.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>