1ⓓПо неколку дена, по жетвата на пченицата, дојде Самсон да се види со жена си, донесувајќи со себе едно јаре; и кога рече: „Ќе влезам кај жена ми во спалната“, татко ѝ не му дозволи да влезе.
2ⓔИ рече татко ѝ: „Јас помислив дека ти си ја намразил, па ја дадов на пријателот твој; ете, помалата сестра е поубава од неа; таа нека биде твоја наместо неа.“
3Тогаш Самсон рече: „Сега ќе бидам невин пред Филистејците, ако им сторам зло.“
4И отиде Самсон и улови триста лисици и, откако зеде факли, ги врза опашка за опашка и врза по еден факел меѓу две опашки;
5ⓕги запали факлите, и ги пушти лисиците во посевите филистејски, та ги изгоре крстиците од снопје и неожнеаното жито, и лозјата и маслиновите градини.
6ⓖИ се прашуваа Филистејците: „Кој го направи тоа?“ И рекоа: „Самсон, зетот на тимнатеецот, бидејќи тој му ја одзеде жената и ја даде на другарот негов.“ Тогаш Филистејците отидоа и ја изгореа со оган неа и татко ѝ.
7Самсон им рече: „Иако го сторивте тоа, јас пак ќе ви се одмаздам и само тогаш ќе се успокојам.“
8И тој им ги скрши колената до бедрата, и отиде па заседна во пештерата кај карпата Етам.
9Тогаш тргнаа Филистејците и поставија логор во Јудеја, и се раширија дури до Лехи.
10А жителите на Јудеја запрашаа: „Зошто излеговте против нас?“ Тие одговорија: „Дојдовме да го врземе Самсон за да постапиме со него онака како што тој постапи со нас.“
11И три илјади мажи Јудејци отидоа до пештерата кај карпата Етам и му рекоа на Самсон: „Зар не знаеш дека Филистејците владеат над нас? Што ни направи?“ Тој им одговори: „Како што постапија тие со мене, така постапив и јас со нив.“
12Тие му рекоа: „Дојдовме да те врземе, за да те предадеме во рацете на Филистејците.“ А Самсон им рече: „Заколнете се дека нема да ме убиете.“
13Тие му одговорија: „Не, ние само ќе те врземе и ќе те предадеме во рацете нивни, а што се однесува до убивањето, нема да те убиеме.“ И го врзаа со две нови јажиња и го одведоа од пештерата.
14ⓗКога се приближи до Лехи, Филистејците го пресретнаа со радосно викање. И Духот Господов слезе врз него, и јажињата на рацете негови станаа како изгорен лен, и врските паднаа од рацете негови.
15ⓘПа најде сѐ уште пресна магарешка челуст, ја протегна раката, ја зеде и уби со неа илјада мажи.
16И рече Самсон: „Со магарешка челуст убив купишта, со магарешка челуст убив илјада мажи.“
17Откако го рече тоа, ја фрли челуста од раката своја и го нарече тоа место: „Рамат-Лехи[6].“
18ⓙТогаш почувствува силна жед; викна кон Господ и рече: „Ти го изврши со раката на Твојот слуга ова големо избавување; но сега ќе умрам ли од жед или ќе паднам во рацете на необрезаните.“
19ⓚИ Бог ја расцепи карпата во Лехи, и потече вода од неа. Тој се напи, духот му се поврати и оживе; затоа беше наречено тоа место: „Ен-Коре“[7] што е во Лехи и до ден-денес.
20ⓛИ тој беше дваесет години судија над Израел за време на владеењето на Филистејците.