1
2
3А Самсон спиеше до полноќ; потоа на полноќ тој стана и градските порти со двата довратника, ги крена заедно со диреците, ги стави на грб и ги однесе на врвот од гората, која е на патот за Хеврон.
4
5
6Тогаш Далила го праша Самсон: „Кажи ми, во што ти е големата сила, и со што би можеле да те врзат, за да те смират?“
7Самсон ѝ одговори: „Ако ме врзат со седум сурови жили, уште неисушени, јас ќе станам бессилен и ќе бидам како другите луѓе.“
8И ѝ донесоа филистејските кнезови седум сурови жили, уште неисушени, и таа го врза со нив.
9Во тоа време еден од нив седеше сокриен во спалната нејзина; и таа рече: „Самсоне, Филистејците идат против тебе.“ Тој ги раскина жилите, како што се раскинува коноп кога ќе го гори оган. И не се дозна за силата негова.
10И Далила му рече на Самсон: „Ете, ти ме измами и ми кажа лага; кажи ми сега, со што можат да те врзат?“
11
12Далила зеде нови јажиња, го врза и му рече: „Самсоне, Филистејците доаѓаат против тебе.“ Во тоа време еден од нив седеше сокриен во спалната. И тој ги скина јажињата од рацете свои како конци.
13И Далила пак му рече на Самсон: „Ти сѐ ме мамиш и ми говориш лага; кажи ми, со што можат да те врзат?“ Тој одговори: „Ако привиеш седум перчиња од косата на главата моја, на вратило и ги забиеш со колец на камен јас ќе бидам бессилен како другите луѓе.“
14И кога тој заспа, Далила зеде седум перчиња од косата на главата негова, ги приви на вратилото и со колец ги притегна на камен и му рече: „Филистејците одат против тебе, Самсоне!“ Тој се разбуди од сонот и го извлече кросното сплеткано од основата и вратилото.
15
16И бидејќи таа го вознемируваше со зборовите свои секој ден и го мачеше, душата негова му се натажи до смрт.
17
18Далила, откако виде дека тој ѝ го откри целото срце свое, испрати и ги повика филистејските кнезови, велејќи им: „Дојдете сега; тој ми го откри целото срце свое.“ И тие дојдоа кај неа и донесоа сребро во рацете свои.
19И Далила го успа на колената свои, па повика еден човек, та му заповеда да ги истриже седумте плетенки на главата негова. И тој почна да ослабува, и силата негова го напушти.
20
21
22Меѓутоа, косата на главата негова, откако беше истрижен, почна пак да расте.
23
24
25А кога се развесели срцето нивно, рекоа: „Повикајте го Самсон за да нѐ развесели.“ И го повикаа Самсон од затворот, и тој ги веселеше и го ставија меѓу два столба.
26И Самсон му рече на момчето што го водеше за рака: „Дозволи ми да ги напипам столбовите, врз кои се крепи домот, и да се потпрам на нив.“
27А домот беше полн со мажи и жени: таму беа сите филистејски кнезови, и на покривот имаше до три илјади мажи и жени, кои гледаа во Самсон како ги веселеше.
28
29И ги помести Самсон од местото двата средни столба, врз кои се крепеше домот, откако налегна врз нив, на едниот со десната рака, а на другиот со левата.
30И Самсон рече: „Умри, душо моја, со Филистејците!“ И притисна со сета сила, и домот се урна врз кнезовите и врз сиот народ што беше со него. И умрените што тој ги уби при смртта своја, беа повеќе, отколку што беше умртвил во текот на целиот свој живот.
31