Судии 17:1-13 MKDB2006 - Bible AI

1Имаше еден човек од Ефремовата Гора, по име Миха.

2Тој ѝ рече на мајка си: „Илјада и сто шекели што ти беа украдени и за кои ти изрече пред мене проклетство, тоа сребро е кај мене, јас го зедов.“ Мајка му рече: „Благословен нека биде синот мој пред Господ!“

3И тој ги врати на мајка си илјадата и сто шекели сребро. И мајка му рече: „Тоа сребро го посветив од себе на Господ за мојот син за да направи од него идол и излеана статуа, и така, ти го давам.“

4Но тој ѝ го врати среброто на мајка си. Мајка му зеде двеста шекели сребро и ги даде на леарот. Тој направи од нив идол и излеа статуа, која стоеше во домот на Миха.

5И така, Миха имаше дом Божји. И направи тој ефод и серафим и посвети еден од синовите свои за да му биде свештеник.

6Во тие денови Израел немаше цар; затоа секој го правеше она што го сметаше за право.

7Тогаш живееше таму еден млад човек, левит, од Витлеем Јудејски, од Јудиното колено;

8тој човек излезе од градот Витлеем Јудејски, од Јудиното колено за да се насели како придојден каде што ќе најде погодно место, и, како што одеше по патот, дојде до Ефремовата Гора, до домот на Миха.

9И Миха го запраша: „Од каде доаѓаш?“ А тој му одговори: „Јас сум левит од Витлеем Јудејски и одам да се населам, каде што ќе најдам погодно место.“

10А Миха му рече: „Остани кај мене и биди ми татко и свештеник; ќе ти давам годишно по десет шекели сребро, потребната облека и исхрана.“

11Левитот се согласи да остане кај оној човек, и тоа момче му беше како син.

12Миха го посвети левитот, и тој момок му беше свештеник и живееше во домот на Миха.

13И Миха си рече: „Сега знам дека Господ ќе ми прави добро, зашто имам левит свештеник.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>