Судии 2:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1ⓣДојде ангел Господов од Гилгал во Бохим и рече: „Јас ве изведов од Египет и ве воведов во земјата, за која им се заколнав на татковците ваши; и реков: — нема да го нарушам Мојот за­вет со вас никогаш;

2ⓤвие, пак, не влегувајте во сојуз со жи­телите на оваа земја; на боговите нивни не им се поклонувајте, идолите нивни скршете ги, жртвениците нивни урнете ги. Но вие не го послушавте гласот Мој. Зошто постапивте така?

3ⓥЗатоа велам: нема да ги истерам од вас, и тие ќе бидат трње за вас, а бо­говите нивни ќе ви бидат соблазна.“

4Кога ангелот Господов ги кажа тие зборови пред сите синови Израелови, народот крена голем пискот и заплака.

5Поради тоа и го нарекуваат тоа место Бохим. Таму тие Му принесоа жртва на Господ.

6Откако Исус го распушти народот, синовите Израелови заминаа секој во својот дел за да добие во наследство земја.

7Народот Му служеше на Господ во текот на сите денови на Исус и во текот на сите денови на старешините, кои го надживеаја Исус, и кои го беа виделе сето големо дело на Господ што Тој го направи за Израел.

8А кога умре Исус, синот Навинов, слуга Господов, на сто и десет години,

9ⓦго погребаа во пределите на него­виот дел што го наследи во Тим­нат-Херес, во Ефремовата Гора, на се­вер од планината Гааш;

10ⓧи кога целото поколение им се при­дружи на своите предци, и настана по нив друг род, кој не Го знаеше Гос­пода и делата Негови, какви што му беше направил на Израел, —

11ⓨтогаш Израеловите синови почнаа да прават зло пред Господ и да му слу­жат на Ваал;

12ⓩГо оставија Господа, Бог на тат­ковците нивни, Кој ги беше извел од земјата египетска, и се свртеа кон други богови, кон боговите на тамошните мес­та, и почнаа да им се поклонуваат, и Го разгневија Господа;

13Го оставија Господа и почнаа да им служат на Вааловци и на разни Ас­тарти.

14ⓐТогаш Господ силно се разгневи против Израелците и ги предаде во рацете на грабачи, кои ги ограбуваа; и ги предаде во рацете на околните народи, и не можеа повеќе да одолеат пред непријателите свои.

15ⓑНасекаде, каде и да отидеа тие, ра­ката Господова беше против нив на зло, како што им беше говорел Господ и како што им се беше заколнал Господ. И тие беа на голема мака.

16ⓒТогаш Господ постави судии, кои ги спасуваа од рацете на оние што ги пленеа.

17ⓓНо тие и нив не ги слушаа, туку блудствуваа со други богови и ним им се поклонуваа, а потоа скршнаа од патот, по кој одеа нивните предци, кои им се покоруваа на заповедите од Господ. Тие не правеа така.

18ⓔНо кога Господ им поставуваше судии, Сам Господ беше со судијата и ги спасуваше од непријателите нивни во текот на целиот век на судијата, зашто Господ ги сожалуваше, слушајќи ги оф­кањата нивни од оние што ги угнетуваа и потискаа.

19Но штом ќе умреше судијата, тие одново почнуваа да живеат во уште по­голем разврат од своите предци, одеј­ќи по други богови, да им служат и да им се поклонуваат. И не отстапуваа од де­лата свои жестоки и од лошиот пат свој.

20ⓕТогаш Господ силно се разгневи про­тив Израел и рече: „Поради тоа што овој народ отстапи од заветот Мој што го поставив со нивните предци, и не го послушаа гласот Мој,

21ни Јас нема повеќе да протерувам пред нив ниеден од народите што ги остави Исус, кога умираше,

22за да го испитам Израел; ќе почнат ли да се држат до патот Господов и да одат по него, како што се држеа тат­ковците нивни, или не?“

23И Господ ги остави тие народи и не ги протера веднаш и не ги предаде во рацете на Исус.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>