1
2Се собраа старешините на сиот народ, сите племиња Израелови, во собранието на народот Божји, — четиристотини илјади пешаци мечоносци.
3А Венијаминовите синови слушнаа дека синовите Израелови дошле во Мицпа. И Израеловите синови запрашаа: „Кажете, како станало тоа зло?“
4Левитот, мажот на убиената жена, одговори и рече: „Дојдов со својата наложница да ноќевам во Гива Венијаминова;
5
6
7
8И се крена сиот народ како еден човек и рече: „Никој нема да отиде во шаторот свој и никој нема да се врати во домот свој.
9А еве што ќе направиме сега со Гива: да фрлиме ждрепка
10и ќе избереме по десет мажи на сто од сите Израелови племиња, по сто на илјада и по илјада на десет илјади за да донесат храна за народот, кој ќе тргне против Гива Венијаминова, за да ја казни за срамот што го изврши против Израел.“
11И сите Израелци се собраа против градот еднодушно, како еден човек.
12
13
14И синовите Венијаминови од градовите се собраа во Гива, за да тргнат во војна против синовите Израелови.
15А во оној ден Венијаминовите синови што се беа собрале од градовите свои, се изброија дваесет и шест илјади мажи мечоносци; освен тоа од жителите на Гива имаше одбрани на број седумстотини.
16
17А Израелците, без Венијаминовите синови, броеја четиристотини илјади души мечоносци; сите тие беа способни за војна.
18
19Утрината станаа синовите Израелови и се распоредија на табори пред Гива;
20и излегоа Израелците за борба против Венијамин и се наредија синовите Израелови во бојни редови близу до Гива.
21Тогаш излегоа од Гива и синовите Венијаминови и во тој ден убија дваесет и две илјади Израелци.
22Но, народот израелски се созеде и пак се нареди за борба на истото место, каде што беше претходниот ден.
23
24И вториот ден Израеловите синови пак настапија против синовите на Венијамин.
25Во тој ден излезе и Венијамин од Гива и беа убиени од синовите Израелови уште осумнаесет илјади души мечоносци.
26
27
28и Финес, синот Елеазаров, син Аронов, стоеше пред него: „Дали да излеземе пак против нашиот брат Венијамин или не?“ Господ им рече: „Одете! Утре ќе го предадам во вашите раце.“
29
30На третиот ден излегоа синовите Израелови против синовите на Венијамин, па, како и порано, се наредија за борба против Гива.
31
32И Венијаминовите синови си рекоа: „Тие паѓаат пред нас како порано.“ А Израеловите синови си рекоа: „Да бегаме од нив и да ги одвлечеме од градот на патот.“
33
34И се собраа против Гива десет илјади души одбрани од сиот Израел, и почна жестока борба. Но Венијаминовите синови не знаеја дека ќе ги снајде зло,
35и Господ го разби Венијамин пред Израел, и Израелците кутнаа во тој ден од синовите Венијаминови дваесет и пет илјади и сто души вооружени со мечеви.
36Кога Венијаминовите синови помислија дека се совладани од Израелците, кои им направија место, бидејќи Израелците се надеваа на заседата, што ја беа поставиле близу до Гива,
37
38
39И така, кога Израелците отстапија од местото на борбата, и Венијамин почна да поразува и кутна до триесет души Израелци, велејќи: „Пак паѓаат пред нас, како и во поранешните судири“,
40
41И Израелците се вратија, а Венијамин се уплаши, бидејќи виде дека го снашло зло.
42И избегаа синовите Венијаминови од Израелците по патот кон пустината, но беа следени со колеж, и оние што излегуваа од градовите, таму ги убиваа;
43го опколија Венијамин и го гонеа без почивка и го поразуваа до самата источна страна на Гева.
44И од синовите Венијаминови паднаа осумнаесет илјади души, силни мажи.
45А од другите што се свртеа и се спуштија спрема пустината, кон карпата Римон, насобраа пет илјади и ги гонеа дури до Гидом, и од нив убија две илјади души.
46Сите, пак, Венијаминови синови, паднати тој ден, беа дваесет и пет илјади души, вооружени со мечеви, сите беа силни мажи.
47Другите се свртеа и избегаа во пустината, накај карпата Римон, шестотини души и таму останаа четири месеци.
48А Израелците се вратија кај синовите Венијаминови и ги поразија со меч, и луѓето од градот, и добитокот, и сѐ што имаше останато, и со оган ги изгореа сите градови што се наоѓаа по патот.