1
2
3и велеа: „Господи, Боже Израелов, зошто се случи ова во Израел, па сега изчезна едно племе во Израел.“
4
5И рекоа синовите Израелови: „Кој уште од сите Израелови племиња не дошол на собранието пред Господ?“ Зашто голема клетва беше изречена пред оние што не беа дошле пред Господ во Мицпа, и беше речено, дека тие ќе бидат предадени на смрт.
6И синовите Израелови се смилија над братот свој Венијамин и рекоа: „Денес се истреби едно племе од Израел;
7
8И рекоа: „Има ли некое од племињата Израелови, кое не е дојдено пред Господ во Мицпа?“ И се покажа дека од Јавеш Галаадски никој не дошол на собранието пред Господ.
9Го прегледаа народот, и ете, немаше ни еден од жителите на Јавеш Галаадски.
10И општеството испрати таму дванаесет илјади души, и им дадоа заповед, велејќи: „Одете и поразете ги со меч жителите на Јавеш Галаадски, и жените и децата;
11
12И најдоа меѓу жителите на Јавеш Галаадски четиристотини моми што не познале машко легло, и ги доведоа во логорот кај Силом, кој е во хананската земја.
13
14И така Венијаминовите синови се вратија и им дадоа жени што беа останале живи од жените на Јавеш Галаадски; но излезе дека тие не стасуваат.
15А на народот, пак, му беше жал за Венијамин, поради тоа што Господ не ја зачува целината на Израеловите племиња.
16И си рекоа старешините народни: „Што да направиме за жени на другите синови, бидејќи жените кај Венијамин се убиени?“
17И рекоа: „Наследството на Венијамин нека остане, за да не се сотре едно племе од Израел.
18
19
20И им заповедаа на синовите Венијаминови, велејќи: „Одете и сокријте се во лозјата,
21и гледајте, кога ќе излезат момите од Силом да играат оро, излезете од лозјата и грабнете си секој жена за себе од тие моми, па одете си во земјата Венијаминова;
22
23Така и направија синовите Венијаминови, и зедоа според бројот свој жени од оние што беа во орото и кои ги одзедоа, па тргнаа и се вратија во делот свој, и изградија градови и заживеа во нив.
24Во исто време Израелците се разотидоа оттаму, секој според родот свој и според племето свое, отиде во делот свој.
25