1
2
3
4И му рече Господ на Гедеон: „Народ сѐ уште има многу; одведи ги кај водата, таму ќе ти ги одберам; за кого ќе речам: ‚да оди со тебе‘, нека оди со тебе; а за кого ќе ти кажам: ‚не треба да оди со тебе‘, нека не оди.“
5Тој го одведе народот кај водата. И му рече Господ на Гедеон: „Кој лока вода со јазикот свој, како што лока куче, него стави го настрана, исто така и сите оние што клекнуваат за да пијат вода.“
6И бројот на оние што локаа со уста од рака, изнесуваше триста мажи; а сиот друг народ клекнуваше на коленици, за да пие вода.
7
8И тие ја зедоа храната од народот за себе и трубите нивни, и Гедеон ги пушти сите Израелци да се вратат дома, а задржа кај себе триста души. Мидјанскиот логор, пак, беше подолу од него — во долината.
9Во онаа ноќ Господ му рече: „Стани, слези во логорот, зашто ти го предадов во твои раце.
10Ако, пак, се плашиш да слезеш сам, оди во логорот со Пура, слугата свој;
11и ќе слушнеш што зборуваат, и тогаш ќе се зацврстат рацете твои, и ќе слезеш во логорот.“ И слегоа тој и Пура, слугата негов, до војниците, што беа во логорот.
12
13
14Другиот му одговори: „Тоа не е ништо друго, туку мечот на Гедеон, синот на Јоас, Израелецот; Бог ги предал во рацете негови Мидјаните и целиот логор.“
15Откако го слушна прикажувањето за сонот и толкувањето негово, Гедеон се поклони, се врати во израелскиот логор и рече: „Станувајте! Господ го предаде во рацете ваши мидјанскиот логор.“
16
17И им рече: „Гледајте ме мене и правете го истото; ете, ќе се доближам до логорот, и што ќе правам јас, тоа правете го и вие.
18Кога јас и тие што се со мене ќе затрубиме со труба, трубете и вие со вашите труби околу целиот логор и викајте: ‚За Господ и за Гедеон!‘“
19И дојде Гедеон со стоте мажи кои беа со него до крајот од логорот, околу почетокот на средната стража, ги разбудија стражарите, затрубија со трубите и ги скршија стомните што беа во рацете нивни.
20И затрубија сите три чети со труби, и ги скршија стомните, и ги држеа во левата рака свеќите, а во десната рака трубите, трубеа и викаа: „Меч Господов и Гедеонов!“
21И секој стоеше на местото свое околу логорот; тогаш во целиот логор се растрчаа, развикаа и почнаа да бегаат.
22
23Тогаш Израелците од племето Нефталимово, Асирово и од целото племе Манасиево беа повикани и се впуштија по Мидјаните.
24А Гедеон испрати гласници по целата Гора Ефремова да кажат: „Излезете им во пресрет на Мидјаните и заземете им ги премините во водите на Јордан до Бет-Бара.“ И беа повикани сите Ефремци, и ги зазедоа премините во водите на Јордан до Бет-Бара;
25