1
2Гедеон им одговори: „Па што, направив така како што и вие? Нели се пабирките на Ефрем подобри од гроздоберот на Авиезер?
3Во ваши раце Бог ги предаде мидјанските кнезови Орев и Зев, и како можев јас да сторам такво нешто, во споредба со вас?“ Тогаш нивниот гнев спрема него се смири штом тој им ги кажа тие зборови.
4А кога дојде Гедеон кај Јордан, го премина тој и тристоте мажи што беа со него. Тие беа уморни поради гонењето на непријателот.
5И им рече тој на жителите на Сукот: „Дајте им леб на овие мажи што се со мене, зашто се гладни; јас ги гонам мидјанските цареви Зевеја и Салмана.“
6
7Гедеон одговори: „Не така, туку кога Господ ќе ги предаде Зевеја и Салмана во рацете мои, јас ќе ги уништам телата ваши со трње од пустината и со боцки.“
8Оттука отиде во Пениел и им го рече истото на неговите жители, и пенуелските жители му одговорија, како што одговорија жителите на Сукот.
9Тој им кажа и на пенуелските жители: „Кога ќе се вратам во мир, ќе ја растурам таа кула.“
10
11И тргна Гедеон по патот на номадите, на исток од Новах и Јогбеха и ја разби војската додека таа стоеше безгрижно.
12Зевеја и Салмана избегаа; тој се спушти по нив и ги фати двајцата цареви — Зевеја и Салмана, и го доведе во збрка целиот логор.
13Тогаш Гедеон, синот на Јоас, се врати од војната преку преминот Херес
14И фати едно момче од жителите на Сукот и го распраша; и тој му ги напиша имињата на началниците и старешините сукотски — седумдесет и седум мажи.
15Потоа дојде кај жителите сукотски и рече: „Еве ги Зевеја и Салмана, за кои ми се потсмевавте, велејќи: ‚Зар раката на Зевеја и Салмана е веќе во твои раце, та да им даваме леб на твоите изморени дуѓе?‘“
16И ги зеде градските старешини и зеде трње од пустината и боцки, па ги казни со нив жителите на Сукот.
17И ја сруши кулата на Пениел и ги уби жителите на градот.
18
19
20И му рече на Јетер, својот првороден син: „Стани, убиј ги!“ Но момчето не го извади мечот свој; се плашеше, бидејќи беше уште млад.
21
22И му рекоа Израелците на Гедеон: „Владеј со нас ти и син ти и внук ти, бидејќи ти нѐ спаси од рацете на Мидјаните.“
23
24
25Тие одговорија: „Ќе дадеме.“ И послаа една облека и фрлаше таму секој по една обетка од пленот свој.
26Златните обетки што тој ги побара, тежеа илјада и седумстотини шекели, без веришките, копчињата и пурпурните одежди што ги носеа мидјанските цареви, и без златните веришки што беа на вратовите од камилите нивни.
27
28
29Тогаш Јероваал, синот на Јоас, отиде да живее во својот дом.
30
31А и наложницата негова, која живееше во Сихем, му роди син, и нему му даде име Авимелех.
32И умре Гедеон, синот Јоасов, во длабока старост, и беше погребан во гробот на таткото свој, Јоас, во Офра Авиезерова.
33
34Израеловите синови не се сетија на Господ, својот Бог, Кој ги спасуваше од рацете на сите околни непријатели,
35и кон домот на Јероваал, односно на Гедеон, не покажаа благодарност за сите добрини што му ги направи тој на Израел.