1
2
3Вујковците им ги кажаа на жителите сихемски сите тие зборови за него; и срцето на тие жители се наклони кон Авимелех, бидејќи си говореа: „Тој е наш брат.“
4
5
6Тогаш се собраа сите сихемски жители и сите жители на Бет-Мило, и отидоа, па го поставија Авимелех за цар кај дабот близу до Сихем.
7Откако му раскажаа за тоа на Јотам, тој отиде и застана на врвот од гората Гаризим и, откако го крена гласот свој, па викна и им рече: „Чујте ме, жители сихемски, и Бог ќе ве чуе!
8Едно време тргнале дрвјата да помазаат цар кој ќе владее со нив и ѝ рекле на маслинката: ‚Стани ни цар!‘
9Маслинката им рекла: ‚Зар да ја оставам маснотијата своја, со која се послужува Бог и луѓето, па да тргнам да скитам по дрвјата?‘
10Тогаш дрвјата ѝ рекле на смоквата: ‚Дојди ти, да ни станеш цар!‘
11Смоквата им одговорила: ‚Зар да си ја оставам сладоста своја и убавиот плод и да тргнам да скитам по дрвјата?‘
12Ѝ кажале дрвјата на лозата: ‚Дојди ти, да ни станеш цар!‘
13
14Најпосле сите дрвја му рекле на трнот: ‚Дојди ти, да ни станеш цар!‘
15Трнот им рекол на дрвјата: ‚Ако, навистина, ме поставите за цар над себеси, тогаш дојдете да си починете под сенката моја; ако не, ќе излезе оган од трнот и ќе ги изгори кедрите леванонски.‘
16И, ете, гледате, по вистина и по правда ли постапиле кога го поставиле за цар Авимелех? И добро ли постапиле со Јероваал и домот негов, и според неговите добрини ли направиле така?
17
18
19Ако денес сте постапиле според вистината и според правдата со Јероваал и со домот негов, тогаш одете и радувајте се на Авимелех, и тој да се радува на вас;
20ако, пак, не — нека излезе оган од Авимелех и нека ги изгори жителите на Сихем и на Бет-Мило, и нека излезе оган од жителите на Сихем и на Бет-Мило и да го изгори Авимелех!“
21И избега Јотам, избега и отиде во Беер, и живееше таму скришно од братот свој Авимелех.
22Авимелех, пак, царуваше над Израел три години.
23
24За да се одмазди за седумдесетте синови Јероваалови, и крвта нивна да се сврти против нивниот брат Авимелех, кој ги уби, и против жителите сихемски, кои ја поддржаа раката негова, за да го убие братот свој,
25жителите сихемски поставија по горските врвови против него заседи, кои го ограбуваа секого што минуваше покрај нив по патот. За тоа му беше јавено на Авимелех.
26Во Сихем пристигна и Гал, Еведовиот син, со браќата свои, и одеа во Сихем, и жителите сихемски се потпреа врз него.
27И излегоа во полето, и го береа грозјето свое, го газеа и се веселеа, па отидоа во домот на својот бог, јадеа и пиеја, и го проколнуваа Авимелех.
28
29Ако некој ми го дадеше тој народ во рацете мои, јас ќе го изгонев Авимелех.“ И му беше речено на Авимелех: „Зголеми ја војската своја и излегувај.“
30Зевул, управителот на градот, ги слушна зборовите на Гал, Еведовиот син, и силно се разгневи.
31Тој испрати тајно пратеници кај Авимелех да му кажат: „Ете, Гал, Еведовиот син, и браќата негови дојдоа во Сихем, и го бунтуваат градот против тебе;
32затоа стани ноќеска, ти и народот што се наоѓа со тебе, и постави заседа во полето;
33а изутрина, по изгревање на сонцето, стани и пристапи кон градот; и кога тој и народот, кој е со него, ќе излезат против тебе, тогаш прави го со нив она што раката твоја може.“
34Авимелех стана ноќта, и сиот народ што се наоѓаше со него, и поставија во заседа кај Сихем четири дружини.
35Гал, Еведовиот син, излезе и застана кај градските порти; а излезе и Авимелех и народот што беше со него, од заседата.
36Гал, откако го виде народот му рече на Зевул: „Еве, народот слегува од врвот на гората.“ Зевул му одговори: „Сенките од дрвјата ти се причинуваат луѓе.“
37Гал пак проговори и рече: „Ене, народот се спушта од височините, и една дружина доаѓа откај патот на дубравата Меоним.“
38И му рече Зевул: „Каде ти е устата, која велеше: ‚кој е Авимелех, та да му служиме?‘ Ова е народ што ти го презираше; излегувај сега и бори се со него.“
39И тргна Гал пред жителите сихемски и се судри со Авимелех.
40Но Авимелех се спушти по него, и тој избега од него; а паднаа многу убиени до самите градски порти.
41И Авимелех остана во Арума, а Зевул го избрка Гал и браќата негови, за да не живее во Сихем.
42На другиот ден народот излезе во полето, и му јавија за тоа на Авимелех.
43Тој го зеде народот свој и го раздели на три дружини и ги постави во заседа по полето. И, откако виде дека народот излезе од градот, се крена против нив и ги уби.
44Додека Авимелех и дружините што беа со него, пристапија и застанаа кај градските порти, другите две дружини ги нападнаа сите што беа во полето, и ги испотепаа.
45
46
47Му јавија на Авимелех дека таму се собрале сите жители на Мигдал-Сихем.
48Тогаш Авимелех отиде на гората Селмун, со сета војска, која беше со него, и зеде Авимелех секира со себеси, отсече гранка од дрвјата, ја стави на рамото свое и ѝ рече на војската што беше со него: „Вие видовте што направив; поскоро направете го и вие она што го направив јас.“
49И секој од војската пресече гранка, па тргнаа по Авимелех, ги натрупаа гранките околу скривницата и запалија оган со нив, и изгинаа сите жители на Мигдал-Сихем, околу илјада души мажи и жени.
50Потоа Авимелех отиде во Тевец, го опсади и го презеде.
51Среде градот имаше цврста кула; таму избегаа сите мажи и жени и сите градски жители, се затворија и се качија на покривот од кулата.
52Авимелех дојде до кулата, удри на неа и се приближи до вратата од кулата за да ја изгори со оган.
53
54
55Израелците, откако видоа дека Авимелех умре, се разотидоа секој во своето место.
56Така му врати Бог на Авимелех за злочинот што го направи против својот татко, убивајќи ги седумдесетте свои браќа.
57