9ⓗкој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.
10ⓘЗашто има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните,
11ⓙна кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба.
12Еден од нив, нивни пророк, беше рекол: „Критјаните се секогаш лажливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта.“
13ⓚТоа сведоштво е вистинско. Поради таа причина укори ги строго за да бидат здрави во верата,
14ⓛи да не слушаат јудејски бајки и заповеди од луѓе, кои одвраќаат од вистината.
15ⓜЗа чистите е сѐ чисто, а за осквернетите и неверните нема ништо чисто; напротив, ним им се осквернети и умот и совеста:
16ⓝтие зборуваат дека Го познаваат Бога, а со делата свои Го одречуваат, бидејќи се одвратни, непокорни и неспособни за никакво добро дело.