Тит 2:1-15 MKDB2006 - Bible AI

1А ти, пак, зборувај го она што се согла­сува со здравото учење.

2Старците да бидат трезвени, цело­муд­рени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението;

3старичките, исто така, да живеат како што им прилега на светии — да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, да учат за добро,

4за да ги вразумуваат невестите да ги сакаат мажите свои и децата свои;

5да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо.

6Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни,

7а во сѐ претстави се сам како об­ра­зец за добри дела, покажувајќи чистота во учењето, нерасипаност, чесност:

8слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас.

9Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во сѐ, не противречејќи им;

10да не крадат, туку во сѐ да по­ка­жу­ваат добра вера, та науката на нашиот Спасител, Бог, да ја украсуваат во сѐ.

11Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе.

12Таа нѐ учи да ги отфрлиме не­чес­носта и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век,

13да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос,

14Кој се даде самиот Себе за нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да нѐ очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела.

15Ова зборувај го, советувај и изо­бли­чувај со полна власт; никој да не те пре­зира.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006