Тит 3:1-15 MKDB2006 - Bible AI

1Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело,

2никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кроткост кон сите луѓе.

3Бидејќи и ние некогаш бевме нера­зумни, непокорни, заблудени, бевме ро­бови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.

4А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог,

5Тој нѐ спаси, но не според из­вр­ше­ни­те од нас праведни дела, туку по Сво­јата милост, преку бањата на преродување — и обновувањето од Светиот Дух,

6Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител,

7та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот.

8Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние што поверувале во Бога, да се трудат и да се гри­жат за добри дела: ова е полезно и доб­ро за луѓето.

9А од глупави распрашувања и ро­дословија на племињата, од препирки и расправии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни.

10Бегај од човек раздорник, откако ќе го посоветуваш еднаш или двапати,

11знаејќи дека таков човек се изо­па­чил, греши и дека се осудил сам себеси.

12Кога ќе ги пратам кај тебе Артем и Тихик, побрзај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да прези­мувам.

13Законикот Зина и Аполос погрижи се да ги приготвиш за пат, така, та да немаат потреба од ништо.

14И нашите нека се учат да прават добри дела за неопходните потреби, за да не бидат бесплодни.

15Те поздравуваат сите што се со ме­не. Поздрави ги оние кои нѐ милуваат по вера. Нека биде благодатта со сите вас. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006