Филимон 1:1-24 MKDB2006 - Bible AI

1Павле, затвореник на Исус Христос, и братот Тимотеј, до возљубениот Филимон, нашиот сотрудник,

2и до Апфија, возљубената сестра, и до Архип, нашиот соборец, и до твојата домашна црква.

3Благодат вам и мир од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!

4Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои,

5бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господ Исус и кон сите светии,

6и молам нашата заедничка вера да се покаже во тебе на дело во познанието на секое добро, кое го имаме за Исус Христос.

7Зашто ние многу се радуваме и уте­шуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите.

8Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш,

9сепак, од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос,

10и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои:

11и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и те­бе, и мене.

12Ти го праќам назад него — прими го како да е моето срце.

13Јас сакав да го задржам кај мене, за да ми служи место тебе во оковите што ги носам за Евангелието.

14Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна.

15Зашто, можеби тој поради тоа се одвои од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш,

16не веќе како роб, а повеќе од роб, како возљубен брат, а особено за мене, и уште повеќе за тебе — и по тело, и во Господ.

17И така, ако ме имаш за содругар, прими го како да си ме примил мене.

18Ако, пак, во нешто ти згрешил, или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.

19Јас, Павле, напишав со своја рака: јас ќе платам, за да не ти речам дека ти и самиот цел си ми должен.

20Да, брате, да го добијат од тебе во Господ она за што Го молам; развесели го срцето мое во Господ.

21Убеден во твојата послушност, ти напишав, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам.

22А заедно со ова приготви ми и смес­тување, зашто се надевам дека со ва­шите молитви ќе ви бидам даруван вам.

23Те поздравува Епафрас, кој е со ме­не затвореник во Христос Исус, Марко, Аристарх, Димас, Лука — моите соработници.

24Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>