1ⓐПавле, по Божја волја повикан апостол на Исус Христос и братот Состен —
2ⓑдо црквата Божја во Коринт, до осветените во Христос Исус, повикани светии, заедно со сите оние кои на секое место го повикуваат името на нашиот Господ Исус Христос, нивни и наш.
3Да имате благодат и мир од Бога, нашиот Отец, и Господ Исус Христос!
4Секогаш Му благодарам на мојот Бог за вас поради Божјата благодат што ви е вам дадена во Исус Христос,
5ⓒпреку Кого станавте богати во сѐ, во секое слово и во секое знаење.
6Зашто се утврди во вас Христовото сведоштво,
7ⓓтака што не сте лишени од ниеден дар вие, што го очекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос.
8ⓔТој ќе ве утврди и до самиот крај за да бидете беспрекорни во денот на нашиот Господ Исус Христос.
9ⓕВерен е Бог, Кој ве повика во заедништво со Неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ.
10ⓖБраќа, ве молам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раздори, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во исто мислење.
11Зашто од домашните на Хлој чув за вас, браќа мои, дека меѓу вас имало кавги.
12ⓗСакам да ви кажам дека секој од вас вели: „Јас сум Павлов“, „А јас сум Аполосов“, „Јас сум на Кифа“, „Јас, пак, Христов.“
13Па зар Христос е разделен? Зарем Павле беше распнат за вас? Или пак во името Павлово бевте крстени?
14Му благодарам на Бога што од вас никого не сум крстил, освен Крисп и Гај,
15та никој да не може да рече дека сте биле крстени во мое име.
16Навистина, го крстив уште и Стефаниновиот дом. Инаку не знам дали сум крстил и некој друг.
17ⓘЗашто Христос не ме прати да крштавам, туку да го проповедам Евангелието, и тоа не со премудри зборови, за да не изгуби од силата крстот Христов.
18ⓙЗашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.
19ⓚЗашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе ја отфрлам разумноста на разумните.“
20ⓛКаде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја претвори ли Бог мудроста на овој свет во лудост?
21Зашто светот при мудроста Божја не Го позна Бога со мудрост; Бог благоволи со безумието на проповедта да ги спаси оние што веруваат.
22ⓜЗашто Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост,
23ⓝние, пак, Го проповедаме Христос распнатиот, Кој е за Јудејците соблазна, а за незнабошците безумие;
24ⓞза повиканите, пак, како Јудејци, така и Елини, Христос Божја сила и Божја мудрост.
25Зашто Божјото безумие е помудро од луѓето, и Божјата слабост е посилна од луѓето.
26ⓟГледате, браќа, какви сте вие, повиканите: не мнозина сте мудри по тело, не мнозина силни, не мнозина благородни;
27но Бог го избра она што е безумно за овој свет за да ги посрами мудрите; Бог го избра она што е слабо во светот за да ги посрами силните;
28Бог ги избра и неугледните и презрените на овој свет, и оние што не значат ништо, за да ги уништи оние што значат нешто,
29ⓠта никој да не се пофали пред Бога.
30ⓡОд Него сте и вие во Исус Христос, Кој за нас стана мудрост од Бога, и праведност, и осветување, и откуп,
31ⓢпа да биде, како што е напишано: „Кој се фали, во Господ нека се фали.“