1 Коринтјаните 13:1-13 MKDB2006 - Bible AI

1Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.

2Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да преместувам, — ако љубов немам, ништо не сум.

3И да го раздадам целиот свој имот, да го предадам телото да ми изгори, — штом љубов немам, ништо не ми ко­рис­ти.

4Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива,

5не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло,

6не се радува на неправда, туку се ра­дува на вистина,

7сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се на­дева, сѐ поднесува.

8Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.

9Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме;

10а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.

11Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детското.

12Сега гледаме како низ огледало, не­јасно, а тогаш — лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен.

13А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.

ticle>