1
2Зашто оној, кој зборува на друг јазик, тој не им зборува на луѓе, туку на Бога; бидејќи никој не го разбира, а со Духот кажува тајни;
3
4Кој зборува на друг јазик, тој се надградува сам себе; а кој пророкува, тој ја надградува Црквата.
5
6Сега, ако дојдам кај вас, браќа, и ви зборувам на други јазици, каква полза ќе имате од мене, ако не ви соопштувам или со откровение, или со знаење, или со пророштво, или со поука?
7И бездушните предмети, како кавалот или гуслата, што даваат глас, ако не даваат разни гласови, како ќе се разбере што свири кавалот или гуслата?
8Зашто, ако трубата не дава разбирлив глас, тогаш кој ќе се готви за битка?
9Така и вие, ако со јазикот свој не изговарате разбирливи зборови, како ќе се разбере она што го зборувате? Ќе бидете како оние кои говорат во ветер.
10Во светот има којзнае колку разни гласови, и ниеден од нив не е без значење.
11Ако, пак, не го разбирам значењето на тие гласови, тогаш за оној што зборува ќе бидам туѓинец, а и тој за мене туѓинец.
12Така и вие, бидејќи сте ревнители за духовни дарови, грижете се да ги добиете во изобилство, за надградување на Црквата.
13
14
15Па што да се прави? Ќе Му се молам со дух, ќе се молам и со ум; ќе Го воспевам Бога со дух, ќе Му пеам со ум.
16
17Ти благодариш убаво, но другиот не се надградува.
18Му благодарам на Мојот Бог, зашто зборувам на други јазици повеќе од сите вас;
19но в црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик.
20
21
22Затоа јазиците не се знак за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; пророкувањата, пак, не се за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат.
23
24
25
26
27Ако некои зборуваат на непознат јазик, двајца или најмногу тројца, нека зборуваат по ред, а еден да толкува.
28Ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себе и на Бога.
29
30Но, ако на некој друг што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи.
31И така, еден по друг можете сите да пророкувате, та сите да се поучувате и сите да се охрабрувате.
32
33
34
35Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува.
36Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна?
37
38А кој не разбира, нека не разбира.
39
40Сѐ нека биде достојно и уредно.