1 Коринтјаните 16:1-24 MKDB2006 - Bible AI

1А што се однесува до соби­ра­њето милостина за светиите, пра­ве­те и вие онака, како што одредив по црквите во Галатија;

2во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави кај себе колку што може, така што собирањето да не се врши кога ќе дојдам.

3А кога ќе дојдам, оние што ќе ги од­обрите, нив со писма ќе ги испратам, за да го однесат вашиот дар во Ерусалим.

4Ако, пак, е потребно да отидам и јас, тогаш ќе појдат со мене.

5Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам.

6А можеби кај вас и ќе се задржам, па дури и да презимувам, та вие да ме придружувате насекаде, каде што ќе одам.

7Зашто не сакам сега веќе да ве ви­дам само патем; а се надевам, ако до­пушти Господ, меѓу вас да поминам не­кое време.

8А во Ефес ќе останам до Педе­сет­ни­ца,

9зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу.

10Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде безбеден; зашто тој го извршува делото Господово како и јас.

11Никој да не го презира, туку испра­тете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата.

12А што се однесува до братот Апо­лос, многу го молев да дојде кај вас со браќата; но, навистина, не сакаше сега да дојде, а ќе дојде, кога ќе биде погодно.

13Бидете бодри, стојте во верата, др­жете се машки, бидете крепки.

14Секое ваше дело нека биде во љу­бов.

15Ве молам уште, браќа: знајте дека домот на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека се определи да им служи на светиите.

16Покорувајте им се и вие на такви и на секого, што соработува и се труди!

17Се радувам што дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија вашето отсуство,

18зашто го успокоија духот мој и ваш. Почитувајте ги таквите!

19Ве поздравуваат црквите од Азија; многу ве поздравуваат Акила и Прис­кила со својата домашна црква.

20Ве поздравуваат сите браќа. Поз­дравете се еден со друг со свет целив!

21Ве поздравувам јас, Павле, своерач­но.

22А оној што не Го љуби Господ Исус Христос, нека биде проклет, Маран-а­та.

23Благодатта на Господ Исус нека би­де со вас,

24и љубовта моја со сите вас во Хрис­тос Исус.

ticle>