1 Коринтјаните 3:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1Јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, туку како на те­лесни, како на деца во Христос.

2Со млеко ве напоив, а не со јадење, зашто уште не можевте да го примите, а и сега уште не можете,

3бидејќи уште сте телесни. И навис­тина, штом меѓу вас има завист, кавга и неслога, не сте ли телесни и не живеете ли како обични луѓе?

4Зашто, кога еден вели: „Јас сум Пав­лов“, а друг: „Јас сум Аполосов“, не сте ли тогаш телесни?

5Што е, впрочем, Павле, а што Апо­лос? Не се ли тие служители преку кои вие поверувавте, и тоа според она колку кому Господ му дал?

6Јас посадив, Аполос полеа, но Бог направи да израсне.

7Затоа, ниту оној кој сади е нешто, ниту, пак, оној што полева, туку Бог, Кој прави да израсне.

8Кој сади и кој полева се едно; а секој ќе ја добие својата награда според својот труд.

9Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божјо здание.

10Според Божјата благодат, што ми е дадена, јас, како мудар градител, поставив темел, а друг надѕидува; само секој нека пази како надѕидува.

11Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, а таа е Исус Христос.

12Ако некој ѕида врз таа основа со злато, сребро, драгоцени камења, дрва, сено или слама,

13сечие дело ќе се покаже јасно; судниот ден ќе го покаже; зашто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита какво е делото на секого.

14И, ако делото на оној што ѕидал ос­тане, тој ќе прими награда.

15А оној чие дело ќе изгори, тој ќе биде оштетен, а самиот ќе се спаси, но како низ оган.

16Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?

17Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.

18Никој нека не се лаже; ако некој мисли дека е мудар меѓу вас во овој свет, нека стане безумен, за да биде му­дар.

19Зашто мудроста од овој свет е без­умство пред Бога, како што е на­пи­ша­но: „Тој ги лови мудрите во нивното лукавство.“

20И пак: „Господ знае дека размисли­те на мудрите се суетни.“

21И така, никој нека не се фали со лу­ѓе, бидејќи сѐ е ваше:

22било Павле или Аполос, или Кифа, било светот или животот, или смртта, било сегашното или идното, — сѐ е ваше,

23вие, пак, сте Христови, а Христос — Божји.

icle>