1 Летописи 10:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1Филистејците војуваа против Израел, и Израелците бегаа од Филистејците и паѓаа поразени на гората Гелвуја.

2Филистејците го гонеа Саул и сино­вите негови и ги убија Јонатан, Авина­дав и Мелхисуј, синови Саулови.

3Битката против Саул се засили, и стрелците се нафрлија врз него, така што тој беше изнаранет од стрелците.

4Саул му рече на својот оружје­носец: „Извади го мечот свој и убиј ме со него, за да не дојдат тие необрезани и да се подбиваат со мене.“ Но оружјеносецот не се осмелуваше, зашто многу се беше уплашил. Тогаш Саул го зеде мечот свој и се фрли врз него.

5Оружјеносецот негов, кога виде дека Саул умре, и самиот се фрли врз мечот свој и умре.

6Загина Саул и тројцата синови негови, и целиот дом негов загина заедно со него.

7Кога Израелците, што беа во долината видоа дека сите бегаат и дека Саул и синовите негови се убиени, ги напуштија градовите свои и се разбегаа; а Филистејците дојдоа и се населија во нив.

8На другиот ден Филистејците дојдоа да ги соберат убиените и го најдоа Саул и синовите негови, паднати на Гелвуј­ската Гора.

9Го соблекоа Саул и му ја зедоа гла­вата и оружјето, и испратија по земјата филистејска да разгласат за тоа пред своите идоли и пред народот.

10Оружјето негово го ставија во идолското светилиште пред своите богови, а главата негова ја наденаа во храмот на Дагон.

11И целиот Јавеш Галаадски чу сѐ, што беа извршиле Филистејците со Саул.

12Потоа станаа сите храбри мажи, го зедоа телото Саулово и телата на сино­вите негови и ги однесоа во Јавеш; тие ги закопаа коските нивни под дабот во Јавеш и постеа седум дена.

13Така умре Саул поради своето беззаконие, што го направи пред Господ, зашто не ги запази зборовите Господови и се допрашуваше до вражачите,

14а не Го побара Господа. Затоа Тој и го погуби и царството негово го предаде на Давид, Јесеевиот син.

e>