1
2
3
4
5Жителите на Јевус му рекоа на Давид: „Нема да влезеш тука.“ Но Давид ја презеде тврдината Сион: тоа е градот Давидов.
6
7Давид живееше во таа тврдина, и затоа ја нарекуваа Давидов град.
8
9Давид напредуваше и се воздигаше сѐ повеќе и повеќе, и Господ Саваот беше со него.
10Еве ги поглавните Давидови јунаци, кои се бореа храбро со него во царството негово, заедно со сиот Израел, за да го зацарат над Израел според словото Господово.
11
12По него Елеазар, синот на Ахохиецот Додо — еден од тројцата јунаци:
13Тој беше со Давид во Пас-Дамим, каде што Филистејците се беа собрале за војна. Таму еден дел од полето беше посеано со јачмен, и народот избега од Филистејците;
14
15
16
17Давид ожедне и рече: „Кој ќе ми донесе да пијам вода од витлеемскиот извор, што е кај портите?“
18
19И рече: „Да ме чува Господ, тоа да го направам! Зар ќе ја пијам крвта на оние мажи, што ги изложија душите свои! Зашто со опасност по животот свој тие ја донесоа водата.“ И не сакаше да ја пие. Тоа го извршија тие тројца јунаци.
20
21Од тројцата тој беше највиден и беше водач, но оние тројца тој не ги достигна.
22
23
24Тоа го изврши Јехојадаевиот син Ванеја, и беше славен меѓу тие тројца јунаци;
25тој беше повиден од триесеттемина, но на оние тројцата не им беше рамен, и Давид го постави за најблизок исполнител на своите заповеди.
26А главни од борците беа: Асаил, брат на Јоав; Елханан, син на Додо, од Витлеем;
27Шамот Хароранин, Хелец Пелонјанин;
28Ира, син на Икеш Текоатски; Авиезер Анатотски;
29Сивхај Хушаќанецот; Илај Ахохиецот;
30Махарај Нетофатец; Хелед, син на Баана, Нетофатецот;
31Итај, син Риваев, од Гива Венијаминова; Ванеја Пиратонјанецот;
32Хурај од Гаашките потоци, Авиел од Бет-Арава;
33Азмавет Бахарумиец; Елјахба Шаалбониец.
34Синови на Гизонецот Хашем: Јонатан син на Шате, Харариецот;
35Ахијам, син Сахаров, Харариец: Елифал, син на Ур;
36Хефер Мехератиецот; Ахија Пелонјанинот;
37Хецро Кармилански; Наарај, син Езбаев;
38Јоил, брат Натанов; Мивхар, син Хагриев;
39Целек Амонец; Нахрај Бероќанинот, оружјеносец на Јоав, син Саруев;
40Ира Јитранецот; Гарев Јитранецот;
41Урија Хитиецот; Завад, син Ахлаев;
42Адина, син на Шица, началник на Рувимовците, и со него уште триесет;
43Ханан, син на Мааха; Јосафат Митниецот;
44Озија Аштератиецот; Шама и Јеиел, синови на Хотам од Ароер;
45Једиаел, син на Шимриј, и Јоха, негов брат од Тиц;
46Елиил од Махавим, и Јеривај и Јошавија, синови Елнаамови, и Јитма Моавецот;
47Елиил, Овид и Јасиел од Мецоваја.