1
2
3началник беше Ахиезер, по него Јоас, синови на Шемаја од Гива; Језиел и Пелет, синови Азмаветови; Бераха и Јуј од Анатот;
4Јишмаја од Гаваон, јунак од триесетмина и водач на триесетмината;
5Еремија, Јахазиел, Јоханан и Јозавад од Гедера;
6Елузај, Јеремот, Беалија, Шемарија, Цафатија од Харуфа;
7Елкана, Јишија, Азариил, Јоезер, и Јашовам, од Кореовците;
8и Јоила и Зевадија, синови на Јерохам од Гедор.
9
10Главен беше Езер, втор Авдија, трет — Елијав,
11четврти Мишмана, петти — Еремија,
12шести — Атај, седми — Елиил,
13осми — Јоханан, деветти — Елзавад,
14десетти — Еремија, единаесетти — Махбанај.
15
16
17
18Давид излезе да ги пресретне и им рече: „Ако сте дошле со мир кај мене, за да ми помагате, тогаш јас и вие да имаме едно срце; но, ако доаѓате за да ме предадете со заговор на непријателите мои, кога нема во рацете мои неправда, Бог на татковците наши нека види и нека суди.“
19
20
21
22Тие му помагаа на Давид против четите на Гедор, зашто сите беа мажи храбри и беа началници на војската.
23Така секој ден придоаѓаа кај Давид на помош до толку, што неговата војска стана голема како војската Божја.
24
25Од Јудините синови, копјеносци и штитоносци, имаше подготвени за војна шест илјади и осумстотини;
26од синовите Симеонови, мажи храбри, имаше во војската седум илјади и сто;
27од синовите Левиеви — четири илјади и шестотини;
28дојде и Јодај, началник од Ароновиот род, и со него три илјади и седумстотини;
29и младиот Садок, храбар јунак, и родот негов — дваесет и двајца началници;
30
31од синовите Ефремови — дваесет илјади и осумстотини храбри јунаци, мажи прочуени во родовите свои;
32од половината од племето Манасиево — осумнаесет илјади, кои поименично беа повикани, за да одат да го зацарат Давид;
33од синовите Исахарови дојдоа мажи разумни, кои ги познаваа времињата и знаеја кога и што треба да изврши Израел; тие беа двесте началници, и сите браќа нивни беа под нивно заповедништво;
34од племето Завулоново имаше готови за борба, вооружени со секакви воени оружја, педесет илјади, во строј, еднодушни;
35од племето Нефталимово — илјада војводи и со нив триесет и седум илјади со штитови и копја;
36од племето Даново — дваесет и осум илјади и шестотини, спремни за војна;
37од Асир — четириесет илјади војници, подготвени за борба;
38од онаа страна на Јордан, од племињата на Рувим и Гад и од другата половина од племето Манасиево, сто и дваесет илјади, со секакво воено оружје.
39
40
41