1 Летописи 17:1-27 MKDB2006 - Bible AI

1Кога Давид живееше во својот дом, му рече на пророкот Натан „Еве, јас живеам во кедров дом, а ковчегот на заветот Господов е под шатор.“

2А Натан му одговори на Давид: „Прави сѐ што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.“

3Но во истата ноќ му дојде словото Божјо на Натан:

4„Оди и кажи му на слугата Мој Да­вид: вака вели Господ: Ти нема да ми изградиш дом, каде што ќе живеам,

5зашто Јас не сум живеел во дом од денот кога ги изведов синовите Израе­лови, и до денес, а одев од шатор во ша­тор и од живеалиште во живеалиште.

6Каде и да одев со сиот Израел, му реков ли, макар и збор, на некого од судиите израелски, на кои им бев заповедал да му бидат пастири на Мојот народ: ‚зошто не ми изградите кедров дом?‘

7И сега вака кажи му на Мојот слуга Давид: вака вели Господ Са­ваот: Те зедов од овчото стадо, за да те направам водач на Мојот народ Израел;

8бев со тебе секогаш, каде и да одеше, ги поразив сите твои непријатели пред лицето твое и го направив името твое како името на великаните по земјата;

9подготвив место за Мојот народ Из­раел, го зацврстив, и тој ќе живее спокојно на своето место, и нема повеќе да го вознемируваат, нечести­вите нема повеќе да го притискаат, како порано,

10во она време кога Јас бев поста­вил судии над Мојот народ Израел, и Јас ги бев покорил сите твои непријатели, и те известив дека Господ ќе ти изгради дом.

11Кога ќе се исполнат твоите дни, и ти ќе се прибереш кај татковците свои, тогаш ќе го подигнам твоето семе по тебе, што ќе биде од синовите твои, и ќе го зацврстам царството негово.

12Тој ќе Ми изгради дом, и ќе го утврдам престолот негов засекогаш.

13Јас ќе му бидам Татко, и тој ќе Ми биде син, и милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од оној што беше пред тебе.

14Ќе го утврдам во Мојот дом и во Моето царство засекогаш, престолот негов ќе биде вечно цврст.“

15Сите тие зборови и целото видение Натан точно му ги раскажа на Давид.

16Тогаш царот Давид дојде, застана пред лицето Господово и рече: „Кој сум јас, Господи Боже, и што е мојот дом, та толку ме подигна?

17Но и тоа се покажа малку во Твои­те очи, Боже; Ти навестуваш за домот на Твојот слуга далечна иднина и гле­даш на мене како на голем човек, Гос­поди Боже!

18Што уште може да каже пред Тебе Давид, за славата на Твојот слуга? Ти го знаеш Својот слуга!

19Господи, за Твојот слуга, според ср­цето Свое, Ти ги правиш сите тие големи дела, објавувајќи го сето ова вели­чие.

20Господи, по сѐ она што сме го чуле со ушите свои, сличен на Тебе нема и нема Бог освен Тебе!

21И кој е сличен на Твојот народ Из­раел, единствен народ на земјата, кај кој доаѓал Бог, да го откупи за свој народ, за да се здобие со име на големи и страшни дела — преку прогонување на народите пред Твојот народ, кој го спаси од Египет, Ти.

22Ти го направи Твојот народ Израел Свој сопствен народ засекогаш и Ти, Господи, стана негов Бог.

23И така, сега, о Господи, утврди го засекогаш словото, што си му го кажал на Твојот слуга и за неговиот дом, и направи, според она како што си кажал.

24Нека се зацврсти и нека се возве­личи Твоето име засекогаш, за да велат: ‚Господ Саваот, Бог Израе­лов, е Бог на Израел‘ и домот на Твојот слуга Давид да биде цврст пред Твоето лице.

25Зашто Ти, Боже мој, му јави на Твојот слуга дека ќе му изградиш дом, та затоа и Твојот слуга се осмели да се моли пред Тебе.

26И сега, Господи, Ти си Бог, и Ти го вети за Твојот слуга тоа добро.

27Затоа, според Твојата благонакло­ност, благослови го домот на Твојот слуга, за да биде вечен пред Твоето ли­це; зашто, ако Ти, Господи, го благо­словиш, ќе биде благословен засекогаш.“

e>