1 Летописи 2:1-55 MKDB2006 - Bible AI

1Еве ги синовите на Израел: Рувим, Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Заву­лон,

2Дан, Јосиф, Венијамин, Нефталим, Гад и Асир.

3Синови на Јуда: Ер, Онан и Шела, — тројцата му се родија од Шуевата ќерка, Хананејка. Ер, првенецот Јудин, беше лош во очите на Господ, и Тој го уби.

4Тамара, негова снаа, му ги роди Фарес и Зерах. Сите синови на Јуда беа пет.

5Синовите на Фарес се: Есром и Хамул.

6Синовите на Зерах: Замвриј, Етан, Еман, Калкол и Дара — сѐ на сѐ пет.

7Синови на Карми: Ахар, кој навлече неволја врз Израел, прекр­шувајќи ја заклетвата.

8Син на Етан: Азарија.

9Синови на Есром што му се родија: Јерахмеел, Арам и Келувај.

10Арам, пак, го роди Аминадав: Ами­надав го роди Наасон, началник на Јудините синови;

11Наасон го роди Салмон, Салмон го роди Вооз;

12Вооз го роди Овид, Овид го роди Јесеј;

13Јесеј го роди својот прв син Елијав, вториот Аминадав, третиот Шима,

14четвртиот — Натанаил, петтиот — Радај,

15шестиот — Озем, седмиот — Давид.

16Нивни сестри беа: Саруја и Авигеја. Синови на Саруја: Авеса, Јоав и Асаил, — тројца.

17Авигеја го роди Амаса; а татко на Амаса беше Јетер, Јишмаелец.

18Халев, синот Есромов, со жените Азува и Јериота, и еве ги синовите негови: Јешер, Шовав и Ардон.

19Умре Азува, и Халев ја зеде за жена Ефрата, а таа му го роди Ор.

20Ор го роди Ури, а Ури го роди Веселеил.

21Потоа Есром влезе при ќерката на Махир, Галаадов татко, и ја зеде, кога тој беше на шеесет години, а таа му го роди Сегув.

22Сегув го роди Јаир; тој имаше дваесет и три града во Галаадската земја,

23бидејќи од Гесурците и Арамеј­ците ги зеде селата Јаирови и Кенат со селата, — шеесет градови. Сите тие градови беа на синовите од Махир, Галаадовиот татко.

24Откако умре Есром во Ха­лев-Еф­рат, Есромовата жена Авија му го роди Ашхур, татко на Текоа.

25Синови на Јерахмеел, Есромовиот првенец, беа: првенецот Арам, по него Буна, Орен, Озем и Ахија.

26Јерахмеел имаше и друга жена, по име Атара; таа беше мајка на Онам.

27Синовите на Арам, првенец Јерах­меелов, беа: Маац, Јамин и Екер.

28Синови на Онам беа: Шамај и Јада. Синови на Шамај: Надав и Авишур.

29Жената Авишурова се викаше Авихајла, таа му ги роди Ахван и Молид.

30Синови на Надав: Селед и Афаим. Селед умре бездетен.

31Афаимовиот син беше Иши, Ишиевиот син — Шешан, Шешановиот син — Ахлај.

32Синови на Јада, Шамаевиот брат: Јетер и Јонатан; Јетер умре бездетен.

33Синови на Јонатан: Пелет и Заза. Тоа се синовите Јерахмеелови.

34Шешан немаше синови, туку само ќерки. Шешан имаше еден роб, Егип­ќанец, по име Јарха.

35Шешан му ја даде ќерката своја за жена на својот роб Јарха, а таа му го роди Атај.

36Атај го роди Натана, Натан го роди Завад;

37Завад го роди Ефлал, Ефлал го роди Овид;

38Овид го роди Јуј, Јуј го роди Азарија;

39Азарија го роди Хелец, а Хелец го роди Елеаса;

40Елеаса го роди Сисмаја, Сисмај го роди Салум;

41Селум го роди Јекамија, Јекамија го роди Елишама.

42Синови на Халев, брат Јера­хмеелов, беа: Меша, негов првенец, кој е татко на Зиф, а синовите на Меша: Хеврон.

43Синови на Хеврон: Кореј и Тапуах, Рекем и Шема.

44Шема го роди Рахам, Јоркеамов татко, а Рекем го роди Шамај.

45Шамаевиот син беше Маон, а Маон беше татко на Бет-Цур.

46А Ефа, прилежницата на Халев, ги роди Харан, Моца и Газез.

47Синови на Јахдај: Регем, Јотам, Гешан, Фелет, Ефа и Сааф.

48Мааха, прилежницата Халевова, го роди Шевер и Тирхан;

49таа го роди и Шааф, таткото на Мадмана и Сева, таткото на Макве­нин и татко на Гива. А ќерка Хале­вова бе­ше Ахса.

50Еве ги синовите Халевови: синот Ор, првенец од Ефрата; Шовал, татко на Кирјат-Јарим;

51Салмон, Витлеемов татко; Хареф, Бет-Гадеров татко.

52Шовал, Кирјат-Јаримовиот татко, имаше син: Харое, од кого се половината жители на Менухот.

53Од родовите на Кирјат-Јарим: Ит­рити, Путити, Шуматити и Миш­раити. Од нив потекнуваат племињата: Сорат­јани и Ештаолјани.

54Синови Салминови: Витлеемците и Нетофатците, Атровците од Јоавовиот дом, и половината од Манахатиевите Сараќани,

55племињата на писарите што живееја во Јабец беа: Тираќани, Шимеаќани, Сукаќани, тоа се Кениј­ците што дојдоа од Хамат, од таткото на Рихавовиот дом.

>