1
2И го зеде Давид венецот на царот нивен од главата негова; во него се најде талант злато на мерка, и скапоцени камења имаше на него; му го ставија на главата на Давид. И прилично голем плен изнесоа од градот.
3А луѓето, што беа во него, ги изведуваше и ги тераше да работат со триони, со железни чекани и секири. Така постапи Давид со амонските градови; па се врати Давид и сиот народ во Ерусалим.
4
5
6Имаше борба и во Гет. Таму имаше еден човек со голем раст, на кого прстите му беа по шест — вкупно дваесет и четири. И тој беше од Рефаимовите потомци.
7Тој го навредуваше Израел, но Јонатан, син на Давидовиот брат Шима, го уби.
8Тие се беа родиле од Рефаимовците во Гет, и паднаа од раката на Давид и од рацете на слугите негови.