1
2И Давид му рече на Јоав и на началниците народни: „Одете, пребројте ги Израелците од Вирсавија до Дан, и соопштете ми за да го знам нивниот број.“
3
4Но царскиот збор надвладеа над Јоав. И отиде Јоав, та го обиколи сиот Израел, и дојде во Ерусалим.
5И му даде Јоав на Давид список на преброениот народ. Сите Израелци беа еден милион и сто илјади мажи мечоносци, и Јудејци четиристотини и седумдесет илјади мечоносци.
6А левитите и Венијаминовите племиња не ги преброи со нив, зашто царскиот збор му беше одвратен на Јоав.
7Тоа нешто Му беше мрско на Бога, и Тој го порази Израел.
8И Давид Му рече на Бога: „Многу згрешив, што го направив тоа. Сега прости му ја вината на Твојот слуга, зашто постапив многу неразумно.“
9
10„Оди и кажи му на Давид: вака вели Господ: три казни ти предлагам; избери си една од нив, и Јас ќе ја испратам врз тебе.“
11Дојде Гад кај Давид и му рече: „Така вели Господ, избери си:
12
13
14И испрати Господ помор на Израел, и умреа седумдесет илјади души Израелци.
15
16
17
18
19Давид отиде, според зборовите на Гад, кој му говореше од името Господово.
20
21Дојде Давид кај Орнан. Орнан, откако погледа и го виде Давид, излезе од гумното и му се поклони на Давид ничкум до земја.
22Давид му рече на Орнан: „Дај ми го местото на гумново, јас ќе Му изградам на него жртвеник на Господ; дај ми го за онолку колку што чини, за да се прекине истребувањето на народот.“
23Орнан му одговори на Давид: „Земи го: нека мојот цар-господар прави што му е волја; еве, ги давам и воловите за сепаленици, и плуговите за дрва, и пченицата — за принос; сето тоа го давам како дар.“
24Царот Давид му рече на Орнан: „Не, јас сакам да го купам тоа од тебе за онолку колку што чини, зашто нема да Му принесувам на Господ твој имот и нема да принесувам сепаленици од нешто, земено како подарок.“
25И Давид му даде на Орнан за она место шестотини шекели злато.
26
27Тогаш Господ му рече на ангелот: „Врати го мечот свој во ножницата негова!“
28Во тоа време Давид, откако виде дека Господ го послуша на гумното на Јевусиецот Орнан, таму принесе жртва.
29
30И Давид не можеше да оди таму, за да Го побара Бога, зашто беше уплашен од мечот на ангелот Господов.