1 Летописи 23:1-32 MKDB2006 - Bible AI

1Кога остаре и се засити од животот, Давид го постави за цар над Израел синот свој Соломон.

2И ги собра сите началници израел­ски, свештениците и левитите;

3а левитите од триесет години и на­горе беа преброени: бројот нивни, на сите до еден, беше триесет и осум илјади души.

4Од нив беа определени за работа во домот Господов дваесет и четири илјади, писари и судии — шест илјади,

5четири илјади вратари и четири илјади, оние што ќе Го слават Гос­пода со свирки, направени од Давид за про­славување на Господ.

6И ги раздели Давид на смени според Левиевите синови — Гирсон, Каат и Мерари.

7Од Гирсоновите беа: Ладан и Семеј.

8Синови Ладанови: прв Јехиил, Зетам и Јоил — тројца.

9Синови Семеиеви: Шеломит, Хазиел и Аран — тројца. Тие беа Ладанови ро­довски началници.

10А и уште синовите Семеиеви: Ја­хат, Зина, Јеус, Берија. Тоа беа синови Семеиеви — уште четворица.

11Јахат беше главен, Зина втор; Јеус и Берија имаа малку деца, затоа беа приброени со татковиот дом.

12Синовите Каатови: Амрам, Ицхар, Хеврон и Узиил — четворица.

13Синовите Амрамови: Арон и Мој­сеј. Арон беше определен да ги посветува најсветите работи довека, тој и синовите негови, за да кадат пред лицето на Господ, да Му служат и да го благословуваат Неговото име довека.

14А Мојсеј, човек Божји, и сино­вите негови беа придодадени кон Левиевото племе.

15Синови Мојсееви: Гершом и Елие­зер.

16Синови Гершомови: прв беше Шевуел.

17Синови Елиезерови беа: прв Рихавија. Други синови Елиезер нема­ше; а Рихавија имаше многу синови.

18Синови Јицхарови: прв Шеломит.

19Синови Хевронови: прв Јерија, втор Амарија, трет Јахазиел и четврти Јекамам.

20Синови Узиилови: прв Миха и втор Јишија.

21Синови Мерариеви: Махли и Муши. Синови Махлиеви: Елеазар и Кис.

22Елеазар умре и немаше синови, ту­ку само ќерки; и се оженија со нив синови Кисови, нивни братучеди.

23Синови Мушиеви: Махли, Едер и Јеремот — тројца.

24Тоа беа синовите Левиеви според домовите на татковците нивни, глави на домовите, што беа преброени сите до еден по име, а кои ги вршеа службите во домот Господов, од дваесет години нагоре.

25Зашто Давид рече: „Господ, Бог Израелов, му даде мир на Својот народ и го насели во Ерусалим засекогаш,

26та левитите нема да имаат потреба да ја носат скинијата и секакви нејзини предмети за служење во неа.“

27Затоа, според последните Давидо­ви заповеди, беа преброени левитите од дваесет години и нагоре,

28за да бидат покрај синовите Аро­нови, да служат во домот Господов, во дворот и во тремовите, да пазат на чистота во целото светилиште и да ја извршуваат секоја служба во Божјиот дом;

29да ги надгледуваат принесените лебови, пченичното брашно за лебен принос, пресните пити, сѐ печено и пржено и над сите мерки и тежини;

30секое утро да стојат за да благодарат и да Го славословат Господа, како и навечер,

31при сите сепаленици, принесувани на Господ во саботни дни, во ново­месечијата и во празниците според бројот, како што е заповедано за нив, — постојано пред лицето на Господ, —

32и да ја пазат скинијата на собранието, светилиштето и синовите Аронови, нивни браќа, на службите во домот Господов.

e>