1 Летописи 24:1-31 MKDB2006 - Bible AI

1Еве ги и распределбите на синовите Аронови: Аронови сино­ви беа: Надав, Авиху, Елеазар и Ита­мар.

2Надав и Авиху умреа пред таткото свој, а синови немаа, затоа свеште­ничката служба ја извршуваа Елеазар и Итамар.

3И Давид ги распореди: Садок — од синовите Елеазарови, и Ахимелех — од синовите Итамарови, според редот на службите нивни.

4И се најде дека меѓу синовите Елеазарови имаше повеќе началници, отколку меѓу синовите Итамарови. И тој ги распореди вака: од синовите Елеазарови — шеснаесет началници, а од синовите Итамарови — осум.

5А ги распоредуваше со ждрепка, зашто началниците во светилиштето и началниците пред Бога беа од синовите Елеазарови и од синовите Итамарови;

6и ги запиша Шемаја, синот Ната­наилов, писар од левитите, пред царот и началниците и пред свештениците Са­док и Ахимелех, Авијатаровиот син, и пред началниците на свеште­ничките и левитските домови: кога се фрлаше ждрепка, зедоа еден од Елеазаровиот род, потоа зедоа еден од Итамаровиот род.

7Првата ждрепка падна на Јојарив, вториот за Једаја,

8третиот — за Харим, четвртиот — за Сеорим,

9петтиот — за Малкија, шестиот — за Мијамин,

10седмиот — за Хакоц, осмиот — за Авија,

11деветтиот — за Јешуа, десеттиот — за Шеханија,

12единаесеттиот — за Елијашив, дванаесеттиот — за Јаким,

13тринаесеттиот — за Хупа, четиринаесеттиот — за Јешевав,

14петнаесеттиот — за Билга, шеснаесеттиот — за Имер,

15седумнаесеттиот — за Хезир, осумнаесеттиот — за Хапицец,

16деветнаесеттиот — за Петахија, дваесеттиот — за Езекиел,

17дваесет и првиот — за Јахин, дваесет и вториот — за Гамул,

18дваесет и третиот — за Делаја, дваесет и четвртиот — за Маазјаху.

19Тоа беше нивниот ред за служ­бата нивна за доаѓање во домот Господов, според наредбата за нив, утврдена од таткото нивни Арон, како што му беше заповедал Господ, Бог Израелов.

20Кај другите Левиеви синови распоредот беше: од синовите Амрамови — Шуваел; од Шуваеловите синови — Јехдеја;

21од Рихавија синот Јешија беше прв;

22од Јицхар — Шеломот; од Шеломотовите синови — Јахат;

23од синовите Хевронови, прв беше Јерија, втор — Амарија, трет Јахазиел, четврти — Јекамам.

24Од Узииловите синови — Миха; од Миховите синови — Шамир.

25Брат на Миха беше Јесеја; од Јесеевите синови — Захарија.

26Од синовите Мерариеви — Махли и Муши; од синовите Јаазиини — Бено.

27Синови Мерариеви од Јаазија — Шохам, Закур и Иври.

28Од Махли — Елеазар: тој немаше синови.

29Од Кис и од синовите Кисови — Јерахмеел;

30синови Мушиеви — Махли, Едер и Јеремот. Тоа беа синовите левитски според поколенијата нивни.

31И тие фрлија ждрепка заедно со браќата свои, Аронови синови, пред лицето на царот Давид и Садок и Ахи­мелех и началниците на свеште­ничките и левитските редови: начал­никот на родот заедно со најмладиот брат свој.

e>